Гугл се откажа од пребарувачот за кинески пазар

Од една страна имаше огромна галама од бројни вработени на Гугл и надворешни луѓе што се општо против влегувањето на компанијата на кинески пазар под условите кои и беа наметнати. Од другата страна беа далеку помалубројните, ама локално кинески, гласови кои беа за тоа Гугл да влезе на нивен пазар, па макар и под условите кои му се наметнати.

Според извештаите Гугл има поставено „лажњак“ пребарувач на доменот 265.com преку кој го истражува кинескиот пазар. Сите пребарувања преку 265 се редиректираат на резултати на пребарувачот на Баиду, па иако како таков не е корисен производ, сепак им врши работа на Гугл да видат за што и како се интересираат кинеските корисници.

Интерсепт пишува дека по притисоците Гугл го гаси 265, а преостанатиот тим што работи на Драгонфлај се соочува „со значителни потешкотии за напредување на проектот по гасењето на овој извор на податоци“, што е исто како овој проект да е укинат.

Пред некое време го објавивме писмото на вработените на Гугл кои се против влегувањето на компанијата на кинескиот пазар. Потоа го објавивме и контра-писмото на еден Кинез кој е за влегување на Гугл на кинескиот пазар по секоја цена.

18 декември 2018 - 14:16