Гугл ќе ангажира 10.000 луѓе да чешлаат видеа на Јутјуб

Добра вест за сите што користат Јутјуб, е дека Гугл планира ангажирање армија луѓе за проверка и модерирање на содржината на видеата што се објавуваат на нивната платформа. Лоша вест за 10.000 вработените во Гугл е дека не планира да вработи нови луѓе туку да ангажира дел од веќе вработените.

Главната алатка на компанијата и понатаму останува учењето на алгоритмите сами да препознаат што треба да се симнуваат од платформата, и нивната успешност е бришење на 70% од насилните екстремистички содржини во рок од 8 часа од нивниот аплоуд. Истите овие алгоритми, заедно со 10-те илјади луѓе, ќе треба да посветат внимание на содржините за деца.

Како дополнување на овие 10.000 вработени, Јутјуб планира да состави и постриктни критериуми кога ќе одлучува на кои канали ќе дозволи рекламирање. Во моментов од креаторите се бара само да имаат 10.000 прегледи за да можат да почнат да заработуваат пари од реклами.

Уште едно ветување на Јутјуб е дека ќе биде далеку потранспарентен во работата, што е една од најголемите забелешки на корисниците на платформата.

6 декември 2017 - 16:22