Дебулшитификација на Фејсбук

Од моментот кога истиот оној систем за кој не можеа да престанат хвалоспеви за време на најразлични „пролети“ и „револуции“ низ светот помогна Америка да се разочара во самата себе од изборот кој го направи за Белата куќа, Фејсбук премина во константна дефанзива. Дел од дефанзивата беше и обемна маркетинг кампања направена по сите стандарди за да ја одоброволи накострешената јавност.

Врвот на скандалот околу Фејсбук и американските избори беше во март и април годинава, по откритието за праксите на Кембриџ аналитика. Неколку месеци подоцна, неделава, вредноста на Фејсбук падна за 120 милијарди долари, како последица на сето она што се случуваше изминатиов период.

Не дека Фејсбук не направи сè што може за повторно да врати малку од малку од имиџот на глобален позитивец кој во годините пред американските избори (и пред брегзит) го имаше на Западот, ама едноставно овој пат слабо му фаќа целата кампања. (Притоа под „сè што може“ се подразбира сè што нема никако да го попречи шпионирањето на корисниците и собирањето приватни податоци и нивно препродавање на трети компании.)

Обрнувајќи внимание на ТВ извинувањата на Фејсбук, Џон Оливер испорача своја искрена верзија на кампањата на социјалната мрежа:

 

31 јули 2018 - 12:39