Буџет се од корен корнеше, телевизија се од реклами делеше

Годинава на закупување реклами на интернет ќе бидат потрошени 40 милијарди долари повеќе отколку на закупување реклами на телевизија. 2017 беше прва година во историјата кога на интернет беа потрошени повеќе пари на реклами отколку на телевизија. Прва година во светот.

Процените на Зенит (направени пред сите драми со Фејсбук), покажуваат дека потрошувачката на реклами на социјални медиуми годинава се очекува да порасне на 21% и да изнесува 58 милијарди долари, додека потрошувачка на видео рекламите ќе се зголеми на 19% и ќе изнесува 32 милијарди долари.

Рекламите на резултати од пребарување, како оние на Гугл, и понатаму ја имаат водечката позиција со 42% од вкупното трошење, и годинава се очекува да достигнат 95 милијарди долари.

Речиси целиот раст од онлајн рекламирањето доаѓа од мобилните уреди, чиј удел се зголеми за 25% и изнесува 60% од вкупната потрошувачка на он-лајн реклами. Во однос на сите можни категории (весници, билборди, радио...) на мобилни уреди одат 24% од сите пари за рекламирање.

Очекувањата на Зенит се дека годинава вкупната потрошувачка на реклами ќе се зголеми за 5% и ќе изнесува 579 милијарди долари.

27 март 2018 - 12:42