Зошто Форд купува фирма за скутери?

Автомобилскиот гигант кој е еден од најстарите симболи на американскиот начин на живот и лежерниот конзумеризам, реши да купи фирма која се занимава со скутери и нивно споделено користење. Автомобилџиите ќе направат сè што треба за кога ќе го спомнете нивниот бренд, да не помислите на ауспух.

Големата автомобилска компанија реши да поигра на ситно. Ја купува скутер компанијата Спин за 100 милиони долари со план во неа да инвестира уште 200 милиони.

Ова е прва посериозна инвестиција на автомобилџиите во овој сектор кој досега беше надвор од нивниот радар. Познавачите проценуваат дека производителите на автомобили посакуваат да направат исчекор од традиционалното поимање на нивниот бизнис кон нешто што се вика „компании за мобилност“.

Спин е релативно мала фирма која оперира на 14 американски пазари додека нејзините поголеми конкуренти Брд и Лајм ги има во многу повеќе градови. По влезот на Форд се очекува за кратко време да биде оперативна во преку 100 центри. 

Сервисот за споделување скутери функционира преку смартфон апликација која го отклучува  скутерот и преку која се врши наплатата. Обично еден долар за старт и 15 центи за минута, со брзина лимитирана на 24 километри на час.

17 ноември 2018 - 09:54