Зошто Фиат изненадно се откажа од купување на Рено?

Како што неочекувано беше објавена веста дека Фиат Крајслер сака да го купи Рено Нисан, идентично напрасно беше објавено и дека Фиат се повлекува од намерата за спојување со Рено.

Првичната идеја за купување на Рено беше пофалена по бројни основи, кои на крај се сведуваа на тоа дека двете компании мора да се спојат ако сакаат да опстанат на долг рок.

Сега, иако не е објавена официјална причина за станувањето на Фиат од преговори, сомнежот паѓа на спор со француската влада.

Рено и понатаму е делумно во сопственост на француската држава и е важен дел од индустрискиот комплекс на земјата. Истовремено се проценува дека Фиат како дел од договорот барал затворање на дел од фабриките на Рено во Франција, или пак другата страна барала гаранција дека во следните 20-30 години нема да се случи затворање на фабриките. Разидувањето околу на оваа тема се смета за главна причина за прекин на преговорите.

Процените на експертите се дека спојувањето на двете компании има логика дури и ако се даде гаранција за француските работни места, бидејќи и Фиат и Рено мора да станат поголеми затоа што моментално и двете се премногу слаби.

Она околу што аналитичарите не се премногу оптимисти е како ќе оди соработката меѓу Италијанците, Американците, Французите и Јапонците, во некое идно спојување, посебно имајќи ги предвид проблемите што со години меѓу себе ги имаат Французите и Јапонците.

6 јуни 2019 - 10:23