Закерберг пропуштил шанса да има сопствен Мекдоналдс наместо да се мачи со Фејсбук

Пред да запише колеџ, Марк Закерберг добива понуда од својот татко Едвард, да бира дали сака да оди на Харвард или сака да води сопствен Мекдоналдс по франшиза.

Понудата од Едвард важи како за Марк така и за неговите три сестри, и според сестрата на основачот на Фејсбук неговите најверојатно потајно биле разочарани што никој од нив не ја прифатил понудата за бизнис под франшиза.

„Татко ми, баш пред да се запишеме на колеџ на сите ни понуди избор меѓу високо образование и инвестирање во франшиза и работење на истата,“ објаснува сестрата на Марк, Ренди, во интервју за Си-ен-ен.

Процените се дека дури и да ја прифател понудата под Б, Закерберг немало лошо да пројде бидејќи просечниот годишен профит на Мекдоналдс ресторан под франшиза е околу 90.400 долари (на ова плус му следува и плата).

Од друга страна запишувањето на Харвард и сето она што се случуваше потоа направи Закерберг моментално да вреди околу 66 милијарди долари, што би му дошло како да заработува околу 4,7 милијарди долари годишно.

Логиката на родителите е дека веројатно исто пари ќе треба да потрошат за високо образование на секој од нив, колку што би требало да потрошат и на почнување нов бизнис за секое од децата.

7 февруари 2019 - 16:48