Според последните 35 години, следните нема да бидат ни најмалку добри

Во време кога европските акции паѓаат, исто како и цената на обврзниците, а барел нафта е 46 долари, Дојче банк седнува да пресмета што викаат бројките за тоа каква ќе биде иднината, и сега се пишман што воопшто седнаа.

Нивниот заклучок од анализата е дека сме на почеток на нов супер-циклус, кој е воден од демографски промени, карактеризирани од низок раст, големо задолжување и висока инфлација.

Изминатите 35 години слободното движење на луѓе и работни места, плус растот на работоспособна популација, придонесува за брзиот раст и се поглобализираната економија. За идните 35 не само што се очекува најголемите земји да имаат побавен раст на популацијата, туку се очекува и голем пад на работоспособната популација, што во бројки би значело дека до 2050-та ќе снема речиси една петина од луѓето на возраст од 15 до 64 години.

Позитивно е што помал број на вработени ќе значи и повисоки плати, меѓутоа ова исто така ќе значи и поголема инфлација.

До 2050 може да очекуваме и помалку меѓународна трговија и повеќе обиди на владите да го контролираат протокот на капитал.

"Изгледа дека статус-кво нема да издржи уште долго. Монетарната политика не може да се користи како доминантна алатка за сметка на исклучување на алтернативите. Нееднаквоста секако не може да продолжи без дополнителни политички проблеми. Глобализацијата и слободното движење/имиграција не можат да продолжат во нивната сегашна форма без сличен социјален/политички одговор," се порачува во извештајот на Дојче банк.

13 септември 2016 - 11:40