Лондон има над 3.500 банкари со годишна плата над милион евра

Точната бројка е 3.567 банкари со плата над 1 милион евра, а просекот на оваа група, благодарејќи на највисоките плати, е 2 милиона евра годишно. Здружно овие 3.567 банкари во 2017 дома однеле речиси 10 милијарди евра на име плата.

Од групата, 30 банкари биле платени над 10 милиони евра од човек, а еден од нив успеал во домашниот буџет да придонесе со 40,9 милиони евра од кои 38,3 милиони биле само бонус.

Податоците на Европската банка покажуваат дека Британија во 2017 била дом на 73% од сите милионери банкари низ Европа. На ниво на цела Европа во 2017 4.859 банкари биле платени повеќе од 1 милион евра. Ова е 42% повеќе од 2010.

По овие бројки во Британија има 9 пати повеќе банкари милионери отколку во Германија, и 15 пати повеќе отколку во Франција. Паниката преку Ла Манш е дека по брегзит лондонскиот финансиски центар Сити ќе ја изгуби титулата банкарска престолнина на Европа и дека неговото место ќе го заземат Париз или Франкфурт.

Процената е дека со брегзит би се изгубиле околу 7.000 работни места само во Сити.

12 март 2019 - 16:00