Колку пари ти требаат за да си богат во Америка?

По некое ново редефинирање значителен број луѓе не мислат само на пари, за кои некоја почетна разумна граница е неколку милиони долари, кога зборуваат за богатство.

Запрашани што за нив е дефиниција за богатство, само 11% од испитаните Американци одговориле „имање многу пари“. Меѓутоа кога малку го претумбале прашањето, запрашани колку пари им требаат за да се чувствуваат „финансиски комфорно“ просекот што го извадиле испитаниците бил 1,4 милиони долари, или околу 200.000 повеќе од минатогодишниот просек.

Просекот за да се чувствуваат (финансиски) „богати“ Американците го поставиле на 2,4 милиони долари, што е истата сума како и во минатогодишното истражување во која учествуваат лица на возраст од 21 до 75 години.

Меѓу одговорите, кои потврдуваат присуство на луѓе од генерација која се уште не почнала да заработува или да плаќа сметки, е и тоа дека 17% богатството го дефинирале како „убава врска со семејството и пријателите“.

На испитаниците им биле дадени 8 опции, од кои треба да ја изберат најблиската до нивната лична дефиниција за богатство. Број еден било: живеење без стрес / со мирна глава.

Околу 64% од миленијалците изјавиле дека веруваат во некој дел од животот ќе бидат богати (финансиски), споредено со само 22% од бејби-бумерите.

16 мај 2018 - 13:08