Изгледа има пари во тоа ботоксот

Како што никој не гледа порно, а серверите на Порнхаб не можат да постигнат од работа, така никој не користи ботокс, а производителот на ботокс, Алерган, само што беше купен за 63 милијарди долари.

Нов сопственик на ирскиот производител на ботокс, е американскиот фармацевтски гигант Абвие (производителот на Хумира).

Со зделката ќе се создаде компанија со приходи од 48 милијарди долари годишно. Освен ботокс, Алерган е специјализиран за медицинска естетика и офталмолошки производи.

Една од причините за купувањето на Алерган, е што Абвие во 2023 го губи ексклузивитетот врз патентот за Хумира, па бараат проширување на портфолиото на производи. На Хумира отпаѓаат 60% од целата продажба на компанијата.

Очекувањето е дека спојувањето на двете компании на Абвие ќе му заштедуваат 2 милијарди долари годишно на трошоци.

Инаку Хумира е најпродаваниот лек на светот кој минатата година на Абвие му носи приходи од 20 милијарди долари. Второпласираниот на лисата, Eliqui, лекот против згрутчување на крвта, е со 10 милијарди долари помала заработка од Хумира.

26 јуни 2019 - 11:06