Има милион луѓе што платиле 2.000 долари за смартфон

Бројките се на Самсунг, а се однесуваат на неговиот телефон на преклопување кој се продава по цена од 2.000 долари, и освен што десетици илјади го имаат купено, уште толку чекаат.

Во говор на конференција во Берлин, претседателот на Самсунг електроникс, Јанг Сон, откри дека компанијата до сега има продадено еден милион примероци од Галакси Фолд.

Ваквата продажба е и покрај масовно раширените недостатоци на уредот за кои зборуваа сите тестери што го имаа на располагање, и покрај тоа што премиерата беше откажана откако преклопувањето се покажа дека не им е баш најдобро решено (им се кршеше телефонот).

Галакси Фолд прв пат беше најавен на почетокот од 2019, а во продажба беше пуштен во април. Откако се покажа дека има повеќе проблеми и дека екранот се крши, уредот беше повлечен. Во септември, беше пуштена подобрена верзија на уредот.

Претходно, според процените на медиумите, таргетот на Самсунг е во 2020 да продаде 6 милиони уреди на преклопување.

12 декември 2019 - 18:16