И на Епл му се мили туѓи пари

Што прави Епл со залихата од над 200 милијарди долари во кеш? Ништо, позајмува нови 7 милијарди долари.

Тоа што Епл е една од најбогатите компании на свет, не значи дека ќе си дозволи да игнорира „евтини пари“.

Се работи за позајмица на 30 години, која моментално се издаваат со рекордно ниски камати. За парите што Епл ќе ги позајми, ќе плати камата од 2,99%, споредено со 3,45% камата што плаќа на 30-годишните обврзници од 2015.

Со парите, Епл треба да покрие долг од 2 милијарди кој им истекува годинава, и добар дел од долгот од 10-те милијарди долари кој им доспева во 2020.

Шансата да се задолжат по новата цена деновиве ја искористија 21 голема компанија, кои заедно позајмија 27 милијарди долари. До крајот на неделава сумата се очекува да надмине 54 милијарди долари. Предвидувањата беа дека ова нема да биде повеќе од 40 милијарди.

5 септември 2019 - 10:30