Гугл решил дека на 20 милијарди евра најдобро ќе им биде да легнат на Бермудските острови

Парите се префрлени во 2017, а за нив се дозна дури скоро од документи поднесени во Холандската трговска комора. Ако го прашувате Гугл, нема ништо спорно во тоа.

Во споредба со 2016, Гугл Холандија во 2017 на сметка на Бермудски острови префрлиле 4 милијарди евра повеќе.

На Гугл битно им е да се знае дека тие ги имаат платено сите даноци што од нив било побарано да се платат и што следуваат според законите на земјата во која што се сместени.

Инаку Гугл Холандија е одговорна за колективно перење на приходите на Гугл вон САД. Целата процедура се тера во тандем преку Гугл Ирска, и парите стандардно завршуваат без обврски на оф-шор сметки на Бермудските острови или некое слично тропско решение.

Фората што ја користи Гугл, по инсистирање на САД и ЕУ, ќе биде укината во 2020.

Освен 20 милијарди евра приход префрлени на оф-шор сметка, Гугл Холандија во Холандија има пријавено вкупен профит од 13,6 милиони евра, за кои плати данок од 3,4 милиони евра.

8 јануари 2019 - 16:33