Цело е кога и Германецот краде од буџет

Даночна измама која трае речиси цела деценија успева да извлече милијарди евра од буџетот на Германија и сето тоа како што е ред со помош од дузина германски и не германски банки и брокерски куќи.

Маневарот се базира на толкување на германските даночни закони според кое се дозволува повеќе луѓе да тврдат дека имаат сопственост на исти акции и - клучно за целиот процес - да имаат право на повраток на данок задржан заради дивиденда.

Шемата почнува со куса продажба на акциите пред компанијата да исплати дивиденда. (Во стандардна смисла терминот опфаќа продажба на акции, во надеж дека потоа ќе можеш истите повторно да ги купиш само по пониска цена од таа по која што си ги продал, или купување по пониска цена па за кратко време продавање по повисока.) Тука на дело повторно стапува германскиот закон според кој кога компанија исплаќа дивиденда, таа е должна да задржи една четвртина од сумата за подоцна да го покрие данокот на дивиденда што акционерот заради некоја причина можеби не го платил.

Акционерите добиваат сертификат во кој е наведено колку им е одбиено од дивидендата. Овој сертификат подоцна го поднесуваат заедно со даночната пријава, и тој може да послужи за плаќање на сумата за данок или ако се покаже дека лицето не должи данок, сумата наведена во сертификатот им се надоместува од буџетот.

Дупката што искористуваат е благодарејќи на кусата продажба, при што две страни тврдат дека ги поседуваат истите акции и добиваат сертификат за задржана дивиденда. Во одредени случаи имало и по 3 или четири страни.

Според германското обвинителство измамата ги чини германските даночни обврзници околу 10 милиони евра.

Се очекува дека еден дел од обвинетите ќе се извадат на договор со државата бидејќи судството нема капацитет да спроведува процес против стотици обвинети. Стандардно во целата работа банкарскиот систем игра мрежно и во измамата се вклучени финансиски институции од ЕУ, Британија и САД.

11 јули 2018 - 16:43