Биткоинот троши повеќе струја од Македонија

Копањето биткоини троши повеќе електрична енергија од 159 држави во светов. На пример Ирска, на пример Македонија. Ако продолжат сегашните трендови, оваа операција ќе ја исцица цела струја до 2020 година. 

Кога би се третирало како држава, глобалното копање биткоини би била 61-ва држава во светот по потрошувачка на електрична енергија. Ова е една од страничните вести околу фамозниот биткоин кој повторно доби огромен публицитет достигнувајќи цена од 12.000 долари со најави дека до крајот на 2018 би можел да стигне меѓу 40 и 50 илјади долари. 

Проценките велат дека софтверските процеси ангажирани во оваа крипто- валута годишно трошат 29,05 терават часови а дека само последниот месец потрошувачката била зголемена за речиси 30%. Доколку растот продолжи со истото темпо, за оваа намена отиде целото моментално светско производство на струја до февруари 2020 година.

Проценките се дека биткоините трошат 1,5 милијарди долари но затоа приходите од тоа се 7,2 милијарди. 

Со струјата која се троши на биткоини би можеле со струја да се снабдат 6,1 милион Англичани, што е повеќе од населението на Бирмингем, Лидс, Шефилд, Манчестер, Ливерпул, Кројдон, Брадфорд, Ковентри, Лечестер и Нотингем, заедно.

Копањето троши струја повеќе и од 12 американски сојузни држави, од рангот на Хаваи, Њу Мексико, Вермонт или Вајомиг.