5-от најбогат човек на светот: Никој не заслужува да има толку пари

Закерберг, со сите свои милијарди долари, го разбира Берни Сандерс кога порачува дека милијардери не треба да постојат.

„Не знам дали имам точна граница околу сумата на пари што еден човек треба да ја има, ама на одредено ниво никој не заслужува да има толку многу пари,“ изјавил Закерберг за време на отворена средба со своите вработени.

Закерберг, кој моментално вреди речиси 70 милијарди долари, уште претходно се зарече дека ќе раздаде 99% од своите акции во Фејсбук.

Изјавите, и целата средба со вработени, на Закерберг следува откако во јавноста протекоа аудио снимки од негови изјави за време на еден состанок во Фејсбук од јули годинава. (На средбата изјави дека компанијата верува дека хонорарец ги има пуштено снимките во јавност.)

На објавените аудио снимки Закерберг како сериозен проблем и закана ја наведува Елизабет Ворен, една од главните конкурентки на Сандерс, која објави агресивен план за растурање на технолошките гиганти како Фејсбук, Амазон и Гугл.

7 октомври 2019 - 14:37