"Продавам син, дебил"

На веб сајт за онлајн продажба, човек од Зворник го огласил за продажба својот син, опишан како дебил. Го ставил во рубриката коњи.

Во краткиот опис на огласот објавен на страницата "pik.ba", таткото ја опишува понудата како "неработник и бадијаџија". Цената не е одредена и зависи од договорот а можна е и замена за буково дрво или зимница. 

"Спие до пладне, јаде, се шминка пола саат, мазни фризура, оди на кафе со постари девојки и тетки, доаѓа дома, се тушира, пак јаде и оди во непознат правец со многу постари девојки од себе, доаѓа дома сабајле во 5 истрошен ко ловечко куче, пак јаде и сè така во круг," се вели во деталниот опис.

Таткото вели дека е спремен и да доплати ако се појави човек кој ќе го одведе синот далеку од Зворник, "со очи да не го видам повеќе".

Отпосле, се јави и "дебилот". 21 годишниот Дејан М. тврди дека татко му не дал таков оглас и дека тоа го прави некој љубоморен од неговата околина за да го испровоцира.

13 август 2013 - 11:33