Огромните заработки на непрофитните во Србија

Европската комисија во Србија работи на начин на кој во Европа би се одело на робија, пишуваат "Е- новине" на вечно лутиот Петар Луковиќ кои анализираат како одредени поединци кои загубиле политички позиции сфатиле дека НВО секторот може да биде исклучително доходовен бизнис.  

После падот на Милошевиќ, изборите стануваат слободни а политичките партии во Србија се менуваат на власт, но, она што останува неприменето во таа земја и 15 години по демократските промени е врхушката на дел од тамошниот невладин сектор.

"До 2.000-та  година странските финансиски инекции имаа смисла иако беа давани без многу контрола и без педантно правдање на трошоците, на секој кој беше ’за промени'. После 2.000-та, многумина кои со рушењето на Милошевиќ останаа без работа и политички позиции, сфаќаат дека после политиката, највносниот сектор е невладиниот сектор" - пишуваат белградските Е-новине.

Се работи за 20-тина НВО ведети на пост-петоктомврискиот период, главно незадоволници од редовите на Демократската странка, оној дел кој не ја поднесувал реформската политика на Зоран Ѓинѓиќ, се проценува во текстот.

"Денес е тешко некому да објасните како е можно во овие 20 години да не се појави ниедна млада и паметна личност која е способна да се занимава со теми како што е владеење на правото или екологијата", пишува порталот.

Во анализата се наведува дека лукративниот НВО бизнис го овозможил нивниот политички ментор Борис Тадиќ преку корумпирани делови на Европската комисија:

"Тие на време сфатија дека парите на граѓаните од Европската Унија многу полесно се заработуваат на Балканот отколку во Брисел и дека во срpскиот државен провизориум можат да се занимаваат со "бизнис'' за кој во нивните домицилни држави се оди на робија, или, во најмала рака, се добива прекоманда во Азербејџан".

Како најголеми махери постојано да добиваат милионски проекти се наведуваат Белградскиот фонд за политичка извонредност на Соња Лихт, Групата 484 во која се наоѓа поранешниот потретседател на Владата Божидар Ѓелиќ и своевремено координатор на примамливите ИПА фондови, Центарот за Демократија на Драгољуб Миќуновиќ, како и организацијата на Дерета.

Сметајќи дека оној што може многу да изеде, може многу и да работи. Европската комисија луто ама намерно се заеба ступидно препознавајќи ги габаритните потенцијали на Миљенко Дерета, основач на Граѓанските иницијативи, невладина организација која пред две децении продаваше муда за бубрези за големи пари на европските даночни обврзници, несреќници кои немаат поим дека со нивните пари се располага на овој, најблесав комисијско- пајташки-провизионистички начин.

Редакцијата на Луковиќ наведува дека добро им оди и на две невладини женски организации кои располагаат со милионски суми додека нивните колешки од внатрешноста на земјата работат главно на волонтерска основа.

Она што е најтрагично во оваа приказна околу непрофитната граѓанска дејност е количината на парите која минала низ рацете (и брендираните чанти по бриселските конференции) на дамите кои своите пропаднати политички кариери ги замениле со доходовниот НВО-ПР бизнис. 

Покрај Соња Лихт и Соња Бисерко, како една од најлукративните претставнички на овој дел на естаблишментот се спомнува Гордана Игриќ од Балканската истражувачка мрежа која сега функционира во шест држави од поранешна Југославија и која ја бие глас дека кога сака може да тркне до Брисел и да добие нови пари за своите проекти.

Тоа го потврдуваат и од локални медиуми кои велат дека ниедна организација од Србија, Косово или Босна нема шанси да ги види тие пари и дека секој грант кој се доделува на медиумски организации однапред е предодреден за мрежата БИРН на Игриќ.