Да си знаете, Србија казнува за просечна брзина

Во Србија почнале да казнуваат мерејќи ја средната брзина со која возите на автопат, А тоа го прават споредувајќи го времето меѓу две изминати патарини. Србинот го решава тоа соодветно менталитетот: брзај, брзај, застани во кафана.

Новата регуклатива се применува од почетокот на оваа недела и на наплатните рампи ќе се казнува секој кој во просек возел над 120 километри на час. Средната брзина се пресметува на основа на временската разлика

За граѓаните на Србија постои опција казната, заедно со фото-доказот да биде испратена на домашна адреса. За странци не сме сигурни како тоа функционира.

Ваквиот потег го разбуди чувството за СВОЗ (сите во одбрана и заштита) па на интеренет се споделуваат совети како може да се преебе новата регулатива.

Најчестиот совет е да го паднете просекот со пауза. Што значи да си возите најнормално лудачки, ама меѓу две патарини да застанете на пумпа или крајпуташка кафана на кафе, сок, пиво, ракија, свинска коленица, певаљка... Со што ем ќе го потрошите времето угодно, ем просечната брзина ќе ви биде прописна. Се разбира, во зависност која од тие опции сте ја одбрале, на следната патарина можете да добиете просек како да сте возеле папамобил а вие да сте убедени дека сте самиот Папа.

Втората опција која се нуди по српските интернети е на патарината на која знаете дека сте го јаделе бидејќи цело време имате нагазено, да кажете дека сте ја изгубиле картичката. Така ќе ја платите најголемата релација ама тоа сепак ќе биде помалку од казната.

Дур втората финта не фати замав, сообраќајната полиција соопшти дека таа не функционира бидејќи казната се плаќа врз основа на снимките од патарините. Со други зборови. чувале или не чувале белешка, сите возачи се во системот и на сите им се пресметува просечната брзина врз основа на снимките од патарините. Оние кои сакаат на тој начин да го надитрат решението, на крајот ќе ја платат и казната и полниот износ на патарината, предупредуваат сообраќајните власти во Србија.

7 септември 2017 - 15:33