Реконструирани писма на читатели

Пред една година конечно тргнаа работите, се направи карабина за ново училиште, си реков Зградко Марин и Министерство за Образование се сетија на населбата Лисиче, онаа знаете на само три километри од центарот на главниот град, и јас (и сите луѓе од населбата што ги знам) бевме пресреќени, конечно децата ќе ни учат во нормално училиште. Арно ама, се дојде до кровот. И тука запна работата.

Еве во 21 век каде учи моето дете и децата на сите мои пријатели од населба.

Ова е училиштето во населба Лисиче, "Димитар Македонски", кое буквално е пред распад. Децата ни учат во руинирани бараки од пред 50 години, летоска падна кровот во салата (среќа никого не утепа), пред 1 месец имаше и хаварија во библиотеката (среќа и тука никого не утепа полица со книги), двете ВЦ-ња од сликите смрдат на урина и фекалии итн.

Претходниот Крадоначалник два мандати лажеше дека ќе се гради нова зграда, некаде пред крајот на неговиот втор мандат истата беше почната и така остана во периодот на изборите и година дена после тоа.

Пред една година конечно тргнаа работите, се направи карабина за ново училиште, си реков Зградко Марин и Министерство за Образование се сетија на населбата Лисиче, онаа знаете на само три километри од центарот на главниот град, и јас (и сите луѓе од населбата што ги знам) бевме пресреќени, конечно децата ќе ни учат во нормално училиште.

Арно ама, се дојде до кровот! И тука запна работата. Правење на кров од греди и лим да ти било "mission impossible" во земјава. Три пати досега на кровот се ставаат греди и се вадат, небаре вселенска станица прават таму горе.

Ама не било до тоа посекако, сите знаеме до што е, најверојатно изведувачот е ангажиран од претходната власт, па овие "ние не сме како претходните" немаат како да лапнат некоја провизија!
И сега ШУ ПРАЈМЕ А? Еве вас ве прашувам, а имам во пријатели доста луѓе подржувачи на оваа власт, дури имам и луѓе вклучени во самата влада и општина?

Ќе имате ли доблест да го средите училиштево бе луѓе? Не ли ви е барем малку срам децата да ни учат во ваква руина? Треба "не дај боже" да му стане нешто на некое од децата па да ви текне или?

Васил Кироски

18 април 2019 - 14:21