Неасфалтирани писма на читатели

Не ми беше целта некого да оправдувам или да исправам криви Дрини, туку да кажам дека сè уште не сме Занзибар како шо некој сака да нè претстави. Иако многу полоши работи ни се дешават во градот од ова.

Здраво Трендо,

Не дека ќе го смени нешто фактот дека сме сертифицирана вукојебина од сите светци забораена, односно шо би рекле некои, задња рупа на свиралу во државата, ама морав да исправам некои заблуди во врска со постот за асфалтирањето на улицата во Битола.

Значи, улицата е Питу Гули во центарот на Битола, со должина од некои огромни 700 метри. И нормално, како и секоја друга улица кога се реконструира, се прај цели две години, мислиш автопат со четири ленти прајме. И нормално, како и сè кај нас, работите мрднуваат од мртва точка дури кога некој ќе излези на телевизија, или на социјални мрежи, да се пожали, па одма да се разработи механизацијата со муабетот, ете, работиме, прајме, шо сакате поќе?... И ете, решиле да напрат нешто да не газат луѓето по калта, ама се нашол некој паметен шо сликал, споделил со коментар, и приказната тргна...

Сакав да кажам...МОРЕ ОНА НЕ Е АСФАЛТ! Колку и да сме ретардирано општество зрело за чистење со нуклеарна бомба, не сум сретнал будала шо ќе тури асфалт над кал! Се работи за изгребен асфалт од некаде, кој се поставува на места каде треба привремено да се набие тлото за да не излегва калта и водата горе, а после кога ќе се створат услови (читај ќе пренаменат пари), се тампонира, набива и асфалтира. Секој шо има две здрави рожници (еве и една, да не дискриминирам), ќе види дека не е асфалт, и секој шо има интелегенција поголема од ретардирана амеба ќе сфати дека асфалт не се тура со трактор и еден боб-кет.

Не ми беше целта некого да оправдувам или да исправам криви Дрини, туку да кажам дека сè уште не сме Занзибар како шо некој сака да нè претстави. Иако многу полоши работи ни се дешават во градот од ова.

Поздрав,
Ицко

16 февруари 2017 - 17:50