Жорж Веа избран за претседател на Либерија?

Некогашниот најдобар фудбалер на светот и еден од најдобрите играчи во историјата на Милан по сè изгледа ќе стане прв човек на африканската земја Либерија. Одамна имаше политички аспирации, а сега го достигнува врвот во обидот да ја уреди својата татковина.

Жорж Тавлон Мане Опонг Осман Веа (51), како што е правилното име на легенданиот центарфор на „Росонерите“ во 1995 година ја доби „Златната топка“ на ФИФА за најдобар фудбалер на светот.

Тој е единствениот африкански играч кој ја добил оваа престижна награда. На претседателските избори во неговата родна Либерија, Веа и неговиот противкандидат Џозеф Боакаи биле во тесна трка до самиот крај.

Во кариерата, покрај Милан, Веа играше уште и за Челзи, Манчестер Сити, Марсеј, Монако и ПСЖ. 

Резултатите од изборите се уште не се официјални, но повеќе тамошни медиуми објавуваат за водство на Веа кој би требал да го замени Џонсон Сирлеф. Денот на изборите во целата Либерија минал со неколку различни годишни времиња, па така на пример во некои краишта имало пеколни горештини а на други места непрестано врнело.

Либерија има 2,18 милиони регистрирани жители а Веа најавил дека после 70 години неговата земја конечно ќе доживее демократски промени.

12 октомври 2017 - 14:36