Во драматична завршница Еуро Табак поуспешни од Македонски Телеком

Матрикс, Рамстор и Еуро Табак славеа победи во вториот ден од 22. коло од Бизнис лигата на Македонија.

Матрикс сигурни во дуелот со Уни Банка

Уни Банка 0-6(0-2) Матрикс

Матрикс: Никола Христовски 36’ Дарко Цветковски 5’ Антонио Богдановски 34’ Петре Даиловски 29’ 39’ Ивица Алампиоски 15’

Првото полувреме од дуелот помеѓу Уни Банка и Матрикс и припадна на екипата на Матрикс која уште на самиот старт ја превзеде иницијативата и ја наметна својата препознатлива игра со многу комбинаторика и одлично уиграни акции што вроди со плод во 5та минута за водство од 0-1. По ова екипата на Уни Банка започна со поагресивна игра па успеаа да створат неколку шанси за погодок но имаа слаба реализација, а тоа го казни Матрикс со погодок во 15та минута и водство од 0-2 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Уни Банка со сите сили се обидуваше да постигне погодок и да фати резултатски приклучок но никако не можеше да најде против игра за денес расположената екипа на Матрикс која и во второто полувреме имаше целосна контрола врз играта и резултатот па на крај го доби овој натпревар со високи 0-6.

Рамстор со одлично второ полувреме до победа над Аџибадем Систина

Рамстор 8-2(1-0) Аџибадем Систина

Рамстор: Ведат Арслан 18’ 31’ 34’ 37’ Енгин Мемеди 22’ Зекир Тугај 29’ 30’ Михрем Мемед 25’

Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 25’ Злате Бошковски 30’

Првиот дел од полувремето помеѓу Рамстор и Аџибадем Систина помина во мирен ритам на игра во кој и двете екипи ги одмеруваа силите. Како одминуваше времето двете екипи го засилуваа темпото на игра што донесе шанси за погодок и на двете страни, но играчите на двата тима покажаа слаба реализација па мрежите останаа мирни. Па кога се очекуваше мрежите да останат мирни преку еден контра напад во 18та минута Ведат Арслан стрелаше за Рамстор и водство од 1-0 резултат со кој се отиде на паузата. На стартот од вториот дел екипата на Рамстор успеа да постигне погодок и да ја зголеми предноста на 2-0, што и даде дополнителен мотив за уште поагресивна игра и постојан притисок кон голот на Систина што резултираше со комотно водство кое до крајот на натпреварот од минута во минута го зголемуваа за конечна победа од 8-2.

Во драматична завршница Еуро Табак поуспешни од Македонски Телеком

Македонски Телеком 5-9(1-5) Еуро Табак

Македонски Телеком: Агрон Пацоли 30’ Петре Велигденов 28’ Михајло Лазаревски 31’ Стефан Насковски 12’ Даниел Анчевски 33’

Еуро Табак: Никола Зафировски 34’ Дејан Јанковски 3’ Дејан Младеновски 10’ Мартин Ливрински 9’ 13’ 19’ 36’ 40’ 40’

Екипата на Еуро Табак одлично го отвори натпреварот со Македонски Телеком, па веќе во 10та минута имаше комотно вдоство од 0-3. По оваа почетна фаза и негатива екипата на Телеком беше приморана да започне со агресивна игра вршејќи жесток притисок кон голот на Еуро Табак со цел да дојде до погодок и намалување на водството што им успеа во 12та минута со погодокот на Насковски и намалување на негативата на 1-3. До крајот на полувремето екипата на Телеком продолжи со агресивна игра, но екипата на Еуро Табак прикажа одлична игра во одбраната а преку контра напади успеа да го зголеми водството на 1-5. Во второто полувреме ја видовме екипата на Телеком во ново светло, со секоја акција успеваше да ја топи разликата која Еуро Табак ја имаше до полувремето па во 33та минута успеаа да дојдат до израмнување 5-5 што го направи финишот од натпреварот вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Еуро Табак имаше повеќе од играта па го доби овој натпревар со 5-9.

24 април 2019 - 08:24