УЕФА изрази благодарност до Македонија и ФФМ за гостопримството и организацијата на Супер купот

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин изрази отворена благодарност и до ФФМ за максималната кооперативност, комплетното вложување за успешна организација на настанот, со убеденост дека утре сите заедно ќе присуствуваат на вистински фудбалски спектакл.

Со официјална гала вечера во Музејот на Македонската Борба, а прием во Македонскиот Народен Театар, УЕФА и нејзиниот претседател Словенецот Александар Чеферин и се заблагодарија на Владата на Македонија и Фудбалската федерација на Македонија за организацијата на Суперкупот 2017. Гала вечерата на која присуствуваа високи гости од двата клуба всушност означи официјален почеток на еден од најголемите европски клупски фудбалски настани оваа година. На покана на УЕФА на средбата присуствуваше и претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој имаше и кратки разговори со водечките функционери на двете фудбалски федерации – европската и светската, со претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, како и со членовите на управите и стручните штабови на двата клуба, учесници во УЕФА Суперкупот, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин изрази отворена благодарност и до ФФМ за максималната кооперативност, комплетното вложување за успешна организација на настанот, со убеденост дека утре сите заедно ќе присуствуваат на вистински фудбалски спектакл.

„Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија навистина сум горд што успеавме во спроведувањето на активностите за организација на УЕФА Супер Купот– Скопје 2017. Напорно работевме изминативе две години и сметам дека заедно со останатите вклучени во организацијата, Градот Скопје и Владата на Р. Македонија успешно го комплетиравме овој проект, Илчо Ѓорѓиоски, претседател на Фудбалската федерација на Македонија“.

Скопје е првиот град во регионот кој добива организација на вакво престижно фудбалско натпреварување. УЕФА Супер Куп натпреварот од Националната „Филип Втори“ арена во Скопје ќе гопренесуваат над 280 ТВ станици пред ТВ аудиториум од неколку милијарди луѓе.

Комерцијален текст

8 август 2017 - 15:55