Шампионот на FIFA 2018 доаѓа од С. Арабија и ќе земе 250.000 долари

Преку 20 милиони учесници играле во квалификациите за Светското првенство во фудбалче на Sony Playstation 4 и XBox. Се наптреварувале 32 играчи, а шампионот од Саудиска Арабија победи во финалето и на PS4 и на XBox.

FIFA eWorld Cup е официјално Светско првенство кое годинава се играше во ултра модерната O2 Арена во Лондон.

По неверојатни средби во финалето се сретнале Мосад ’Мсдосари’ Алдосари од Саудиска Арабија и Стефано ’СтефаноПина’ Пина од Белгија.

Според правилата се игра еден натпревар на Сони Плејстејшн 4 и еден на Xbox. И на двата дуели Саудиецот славел со 2-0 и со вкупни 4-0 заслужено го кренал пехарот и ја освоил вредната награда од 250.000 долари која што ја доделува ФИФА со нејзините спонзори.

Второпласираниот Пина од Белгија добил награда од 50.000 долари.Сите натпревари се пренесувале во преку 100 земји во светот а Fox Sports 1 го пренесувал финалето за аудиториумот во САД.

Еден од првите кои му честитаа на новиот светски првак е и доскорешниот германски репрезентативец и фудбалер на Арсенал, Месут Озил:

Притоа победникот добива и влезница за гала церемонијата Best FIFA Awards каде ќе има можност да се запознае со најдобрите фудбалери на светот. Шампионот од 2015 Абдулазиз Алшехри ги запознал Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Коментатори на финалето биле Леих Смит и Џон Стронг кои се и автентични коментатори за EA Sports видео игрите.

Хајлајтс од Мундијалот 2018:

Светското првенство во видео играта FIFA првпат се одржало во 2004 година во Швајцарија, а оттогаш до денес турнирот значајно пораснал. Од почетокот на ова Светско првенство, по две злата имаат Англија, Франција, Шпанија, Данска и Саудиска Арабија. По еднаш светскиот шампион доаѓал од Србија, Бразил, Холандија и Португалија.

7 август 2018 - 14:43