Расистот од Америка кој стигна до четвртфинале на Australian Open

Спортската јавност и натаму се интересира за тенисерот кој се вика, верувале или не, Тенис Сандгрен и доаѓа од САД. Во Европа и не е нешто познат, ама во Америка околу него се водат жестоки дебати меѓу левицата и крајната десница.

Еден од најголемите изненадувања на Australian Open годинава беше Американецот Тенис Сандгрен. И тоа не само по името кое го слушате првпат во животот. Сандгрен (26) дојде во Мелбурн како 97. рекет на светот со само две победи на ATP турнири во целата кариера. Во Австралија победи четири меча од кои половина беа против Топ-10 тенисери.

Дуелот со Доминик Тим во четвртото коло беше еден од најдобрите мечеви на целиот турнир досега. Но наместо да стане нов американски херој, Сандгрен, тој стана голем душман на јавноста во САД.

Што повеќе време поминуваше на теренот, толку повеќе внимание предизвикуваше неговиот твитер: таму тенисерот активно ретвитал (пренесувал) десни политички движења, а и самиот понекогаш пишувал противречни и скандалозни постови. Денес тениските новинари и навивачи, меѓу кои има доволно либерално настроени луѓе, го обвинуваат за ширење нетрпеливост.

Високата десница која се основаше во САД некаде на почетокот на 2010-та заживеа и се препороди во време на американските избори во 2016-та на кои едногласно го поддржаа Доналд Трамп. Постои и алтернативна десница во САД која што не ја поддржува во целост идеологијата на високата десница, но како што пишува Википедија, ова движење се состои воглавном од бели луѓе, неонацисти, неофашисти, хомофоби и противници на женските права.

КОИ СЕ ГРЕВОВИТЕ НА САНДГРЕН?

На својот Твитер Сандгрен ги следи членовите на целото семејство Трамп, го следи десно-ориентираниот канал Fox News и неговата поранешна водителска ѕвезда Бил О’Рајли (Го избркаа по серија обвиненија за сексуално вознемирување) и следи уште еден куп новинари коишто либерална Америка ги смета за дезинформатори.

Тенис Сандгрен (да, чудно име) постојано лајкал радикални материјали. Например, статијата „Операција - Замена на европското население“, посветена на тоа како властите на западните земји се стремат од корен да го заменат сопственото население со имигранти од земјите од Африка, Азија, Блискиот Исток. Сандгрен воопшто не ги поддржувал имигрантите и немал слух за нивните проблеми.

Сандгрен, кој на Australian Open стигна до најголемиот успех во кариерата (четвртфинале/изгуби од корејската сензација Чон 0:3) ретвитал и такви луѓе како Алекс Џос кој ги обожава теориите на заговор. Например Џонс ги обвинувал властите на САД за терористичкиот напад на 11. септември 2001 година, ја нарекол Хилари Клинтон демон (не во преносна смисла) и тврдел дека властите на Америка во водата ставаат хемикалии кои од луѓето прават хомосексуалци.

Самиот Тенис тврдел дека тоа што го лајка и фејва него не е ништо страшно. Во неговото био на Твитер пишува „лајкови и ретвитови не значат поддршка“.

На прес-конференција после четвртфиналето на Australian Open Тенис настапил многу жестоко: „Неколку постови и лајкови на Твитер може да донесат суд во вашите очи за мене. За да напишете гласна, сензационална статија вие со сета сила се стремите од мене да направите човек каков што сакате да видите“, викал Сандгрен.

Ги обвинил новинарите дека работат во пропагандната машина и дека ги буцкаат соседите еден на друг. Откако стигна во четвртото коло на Australian Open, Сандгрен ги тргнал сите свои твитови (избришал околу 5.000 свои твита), но на интернет веќе има многу скриншотови и луѓето не забораваат што пишувал.

Ќе почнеме со главното обвинение со кое се соочи Тенис. На твитер кружи скриншот од негов твит на кој има фотографија на Серена Вилијамс со натпис: Одвратно... По бурата во јавноста, Тенис се вадела со тоа дека Серена гласно урлала и вриштела за време на полуфиналето против Роберта Винчи на US Open 2015.

Сандгрен не ја поднесува Серена и тоа е очигледно. За време на Australian Open 2013 тој напишал на твитер: „Секогаш е убав ден кога Серена ќе изгуби... Слоан го добива ова“. Многу му замерувале дека не ја сака поради тоа што е: а) црнкиња б) жена.

Но за волја на вистината, во 2013-та Сандгрен се радувал кога Серена изгубила и од црна тенисерка:

Велат дека Серена е запознаена со ставовите на Сандгрен. Кога почнало неговото четвртфинале на Australian Open против Хен Чон, најдобрата американска тенисерка напишала: „Менувам канал“. Тогаш тенискиот твитер сфатил дека е „објавена војна“. Серена барала извинување од Тенис: „Мене не ми се потребни, но потребни за една цела група луѓе кои заслужуваат извинување. Не можам да ја учам својата ќерка да седи и да молчи. Не! Она ќе научи да се бори за себе и за другите - по мојот пример“.

За што конкретно е должен Сандгрен да се извини, Серена не кажала. Но очигледно е за што ако се видат некои негови постови на твитер. Например имал твитови со расистички стереотипи: „Возиш поспоро, отколку азијатка голф-мобил“.

Во 2012 го нападнале и ЛГБТ активисти за коментарот: „Вчера случајно влегов во геј-клуб... Очите уште ми се крвави...“

Интересно е што една од жестоките противници на Сандгрен, новинарката Кортни Нгуен пред 8 години ја нарекла Франческа Скијавоне трансексуалка, а сега работи во WTA.

И најсериозното обвинување: Сандгрен верува во „пицагејт“. Тоа е теорија на заговор во САД, заснована наводно на мејл-преписка меѓу шефот на штабот на Хилари Клинтон, Џон Подест со сопственикот на една пицерија во Вашингтон.

Луѓето кои веруваат во теории на заговор сметале дека влијателната дружина на Клинтон била дел од тајна организација на педофили. Тенис изјавил дека ги прочитал преписките.

На прашањата за сопствените твитови, Тенис Сандгрен не одговарал. Прво новинарите просто не го прашувале, а сега тој не е спремен да збори за било што освен за тенис.