По што ќе ја паметиме Ана Ивановиќ

Некогаш најдобрата тенисерка на светот и шампионка на Ролан Гарос во 2008. година, реши да се повлече од професионалното играње тенис а одлуката ја соопшти во живо на Фејсбук.

Ана Ивановиќ на 29. години се повлече од тенисот поради како што самата рече неможноста да се натпреварува на највисоко ниво. Србинката минатата сезона одигра само 31 меч и оствари бледи 15 победи поради проблемите со повредите. Вториот дел од сезоната го пропушти во целост.

„Имам важна вест која што сакам да ја споделам прво со вас, не сакав никаде на друго место да објавувам затоа што мислам дека вие заслужувате да знаете први. Решив да се повлечам од професионалниот тенис. Тешка одлука но има доста причини за славје. Играм тенис од пет години, кога ја видов Моника Селеш на телевизија. Родителите ми пружија многу поддршка а едно време бев и прва на светот. Бев прва на светот во 2008-ма, освоив 15 ВТА титули, играв три Грен Слем финалиња, Фед купови како и многу незаборавни мечеви.

Тоа е одлично за девојка од Србија, но веќе не сум во можност да играм на највисоко ниво, мора да се повлечам. Што понатаму? Ќе станам амбасадорка на спортот и ќе истражувам прилики во бизнисот и модната индустрија. Ќе имам и повеќе време за филантропски активности меѓу кои и работата за УНИЦЕФ. Бидете оптимистични за мене, ви праќам љубов и голема благодарност на сите кои ми помогнавте да живеам најубав живот. Ве сакам и фала ви. Ваша Ана“, изјави емотивно Ивановиќ (29).

Светот дозна за Ана Ивановиќ во 2004. година кога на 16 години стигна до финалето на јуниорскиот Вимблдон. Тогаш победи на сите 26 меча кои ги одигра во ITF турот.

Веќе на 17 години во Канбера Ана ја освои својата прва титула. Прекрасната Србинка во 2005. година носеше фиксни протези.

Во 2006 година Ана го доби признанието за најголем прогрес во женскиот тенис. Во исто време аналогно Надал го доби признанието во машкиот тенис.

Во 2007. година Ивановиќ првпат стигна до едно финале на Грен Слем - на Ролан Гарос загуби од Жастин Енан.

Во 2008 година после финалето на Австралија Опен против Марија Шарапова плачеше после тешкиот пораз.

Истата 2008-ма година сензационално го освои Ролан Гарос откако во финалето ја совлада Русинката Динара Сафина. Од тој момент Ана стана најдобра тенисерка на светот и прва на ранг листата.

После прекрасната сезона 2008-ма, Ана Ивановиќ имаше пад во формата но во 2014-та се врати на претходното ниво и освои четири титули. Беше препознатлив нејзиниот урлик: „Ајде!“ после секој освоен поен.

Ана имаше навивачи од цел свет

Србинката ќе ја паметиме не само по добрите настапи (освои 15 трофеи во сингл), туку и по ретката убавина

Годинава Ана се омажи за фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Германецот Бастијан Швајнштајгер и многу мислеа дека таа ќе најави дека е бремена а не дека ќе ја заврши кариерата.