Пекабеско со пресврт до победа над Искрател Груп

Во претпоследниот ден од 22. коло во Бизнис лигата на Македонија победи славеа екипите на Гранит, ЕВН и Пекабеско.

Пекабеско со поресврт до победа над Искрател Груп

Пекабеско 5-3(1-2) Искрател Груп

Пекабеско: Алвин Бачко 25’ 35’ 38’ Слободан Игнатов 12’ Стефче Стојановски 36’

Искрател Груп: Влатко Иванов 30’ Ратко Иванов 13’ 20’

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Пекабеско и Искрател Груп, првиот дел од полувремето се одигра во мирен ритам без многу шанси и на двете страни. Како одминуваше времето двете екипи започнаа со нешто поагресивна игра а тоа донесе голови во 12та минута за водство на Пекабеско од 1-0 и брз одговор на Искрател Груп во 13та минута за 1-1. До крајот на полувремето двата тима имаа по неколку шанси да постигнат погодок но екипата на Искрател Груп беше таа која имаше успешна реализација за водство од 1-2 на паузата.Во второто полувреме екипата на Пекабеско успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот, овој рано постигнат погодок им даде ветер во грб па продолжија со одлична игра што резултираше со предност од два гола која успеаа да ја одржат до самиот крај и да го добијат овој натпревар со 5-3.

ЕВН го издржа притисокот на Окта

ЕВН 6-4(3-3) Окта

ЕВН: Бојан Маџовски 10’ 16’ Томи Илиевски 31’ Бојан Симоновски 22’ Ајет Новобрдарија 15’ Вилијам Митев 40’

Окта: Александар Јовчевски 12’ 35’ Иван Димитриевски 9’ 13’

Екипата на Окта одлично го започна дуелот против екипатга на ЕВН со погодок во 9та минута, веќе следната минута екипата на ЕВН одговори со голот на Маџовски и израмнување на 1-1. По ова следуваше одличен период на игра за екипата на Окта која успеа да постигне два гола едноподруго за водство од 1-3. Сепак до крајот на полувремето екипата на ЕВН со трпелива игра успеа да ја стопи предноста и на полувреме да се замине со 3-3. На стартот на второто полувреме екипата на ЕВН успеа да постигне погодок и да направи целосен резултатски пресврт, а неколку минути подоцна да постигне уште еден погодок за водство од 5-3. На екипата на Окта не и преостана ништо друго освен да започне со поагресивна игра и пресин кон голот на ЕВН како би дошла до израмнување, но екипата на ЕВН одлично ја постави својата игра во одбраната и успеа да одолее на притисокот на Окта до самиот финиш. Натпреварот заврши со 6-4 за ЕВН

Гранит со одлична игра до победа над Вип

Вип 6-9(2-4) Гранит

Вип: Мартин Ангеловски 7’ 21’ Младен Ѓоргиовски 40’ Јовица Наумовски 27’ Мартин Тодоровски 17’ Васко Дојчинов 40’

Гранит:Стефан Тевдовски 34’ Дарко Стојановски 4’ 35’ Сашо Каровски 22’ Николче Глигуровски 8’ 26’ 32’ Александар Димитровски 1’ 18’

Екипата на Гранит уште во почетните секунди од дуелот со Вип успеа да постигне погодок и да навести ефикасно прво полувреме. Неколку минути подоцна поточно во 4та минута екипата на Гранит успеа дареализира еден контра напад и да дојде до водство од 0-2. Екипата на Вип започна со жесток притисок кон голот на Гранит што вроди со плод во 7та минута и намалување на водството. До крајот на полувремето екипата на Гранит имаше повеќе од играта па на полувреме замина со предност од 2-4. На стартот на вториот дел екипата на Вип успеа да постигне погодок и да ја намали предноста на Гранит на само гол негатива, но веќе следната минута со голот на Каровски Гранит дојде повторно до два гола предност односно 3-5.Екипата на Гранит во ова полувреме прикажа одлична игра во фаза на одбрана и напад, екипата на Вип покрај сите обиди резултатски да се врати во игра не успеа па Гранит славеше со 6-9.

25 април 2019 - 08:56