Овој Кирјос стварно бил голем цреп

Помина само еден ден откако во интервју со дете сакаше да се направи интересен дека не го познава Новак Ѓоковиќ и ете го денеска пак по насловни, како прави циркузи, омаловажува судии и фрла рекети.

Многу глупости направи Австралиецот со грчко потекло за 24 години живот. На турнирот во Квинс го совлада Роберт Карбалес Баена со 2:0, но влезе во клинч со судијата кој го обвини дека го наместил мечот и тоа со валкан јазик.

„Дали ебено се шегушаш со мене? Топчето падна во аут. Ја си одитов, нема шанси да давам 100% од себе кога имам линиски судија кој мести меч. Не сакам да играм“.

Потоа продолжил:

„Што ќе ти е капа кога нема сонце. Смешно ти стои“.

Судијата му дал усна опомена по што Кирјос се предомислил и го продолжил натпреварот. Штета што нема видео од таа вербална расправија, ама затоа има од неговиот аматерски однос кога во пауза меѓу гемовите си гледал друг меч.

И тоа не е сè. Потоа во осминафинале загуби од 18 годишниот Канаѓанец Феликс Алиасем, а потегот на крај му беше мизерија. Го фрли рекетот преку публика и најлабаво си застана да потпишува автограми. Каква дилајла.

Интервјуто од вчера

21 јуни 2019 - 11:35