Магнус Карлсен - велемајсторот шампион

Норвешкиот шаховски генијалец кој победува со врзани очи

Најголемиот шаховски велемајстор на денешницата, Норвежанецот Магнус Карлсен ја одбрани титулата светски шампион откако во финалето го совлада Русинот Сергеј Карјакин.

Магнус Карлсен после дополнителни четири рапид партии славеше со 3:1, а претходните 12 партии по класично темпо завршија израмнето 6:6. Оваа титула Норвежанецот ќе ја памети посебно затоа што ја освои на денот на својот 26. роденден.

Генијалниот ум Карлсен титулата велемајстор ја стекнал дури пред 12 години, на 26. април 2004. година кога имал само 13 години и 148 дена со што станал третиот најмлад велемајстор во историјата на шахот.

Пред скоро седум години, во јануари 2010-та Карлсен се искачи на првото место на ФИДЕ листата. Во тој момент имаше само 19 години и 32 дена со што стана најмладиот шахист во историјата којшто направил таков подвиг.

Карлсен важи за еден од најдобрите шахисти во историјата на оваа игра поради што во Норвешка веќе има највисоки државни признанија.

НЕКОЛКУ ЗАНИМЛИВОСТИ ЗА МАГНУС КАРЛСЕН:

- На пет години можел да ги наброи сите држави на светот и нивните главни градови.

- На 15 години цврсто бил убеден дека е еден од најдобрите играчи на планетата.

- Го матирал Бил Гејтс за 18 секунди.

- Со врзани очи растурил 10 адвокати од Харвард.

- Виктор Корчнои го обвини Карлсен дека употребува хипноза за да ги парализира противниците за време на дуелот.

- Заработува повеќе од милион долари само од награди на годишно ниво.

На 13 години Магнус Карлсен ремизирал со великанот Гари Каспаров:

1 декември 2016 - 10:45