Најдобрите спортски реклами во 2016

Минатата година неколку спортисти се појавија во реклами на познати брендови кои за таа прилика смислија необични приказни.

Златан Ибрахимовиќ и Волво

Што ги поврзува автомобилската компанија Волво и напаѓачот? Шведска. Златан ја раскажува својата историја додека вози Волво. Рекламата беше снимена пред почетокот на ЕП 2016.

Антоан Гризман и Пума

Познатиот бренд за спортска опрема реши да сними реклама за новиот дезодоранс со најдобриот француски напаѓач.

Кристијано Роналдо и Најк

Една од најдолгите реклами во историјата на овој бренд трае шест минути и е како краток филм со Кристијано Роналдо.

Девојките во спортот и Always

Со оваа реклама, познатиот бренд сакаше да го отвори прашањето со проблемите на дискриминацијата на жените во спортот.

Паралимпијците и Channel 4

Рекламата за Параолимписките игри од британскиот канал Channel 4 го воодушеви светот. Оваа реклама има повеќе од 8 милиони прегледи!

Пол Погба и Адидас

Најскапиот фудбалер на денешницата и неговиот спонзор Адидас снимија интересна реклама за неговото детство.

Коби Брајант и Најк

Коби ја заврши кариерата а Најк не остана рамнодушен за еден од неговите најомилени клиенти уште од основањето.