Михаел Шумахер 36 месеци е во кома

На 29 декември 2013. година се случи тешкиот пад на Шумахер на скијање при што шампионот од Германија доживеа тешка повреда и веќе три години е во кома од која нема знаци дека набрзо ќе се разбуди.

Беше попладне. 29 декември пред три години. Малку време требаше да се сфати колку еден банален инцидент на скии може да биде кобен. Од патеките во Мерибел на Алпите до болницата во Гренбол, Михаел Шумахер два пати бил опериран на мозокот за 48 часа.

Дијагнозата беше: Сериозна повреда на мозокот.

Мали биле надежите кои тогаш лекарите им ги претставиле на неговите најблиски дека Шуми може да се разбуди од кома. Од 9. септември 2014-та поранешниот светски шампион во Формула 1 е затворен и заштитен во вилата Гланд во Швајцарија во една соба каде што го одржуваат во живот.

Шуми отсекогаш сакаше да ја штити неговата приватност, дури и кога возеше и освојуваше рекордни титули. Токму така по инцидентот на скии пред три години, неговото семејство реши да го заштити него. За неговата реална здравствена состојба се знае малку или воопшто не се знае.

Тишина и почит: Тоа се двете нешта на кои неговата жена Корина и портпаролката Сабина Кем инсистирале од најблиските пријатели кои дошле да го видат а меѓу кои беа Лука Бадоер, Стефано Доманикали, Жан Тод. Ваквата цензура досега функционираше успешно.

Еднаш во 2014-та вработен во Брзата помош во Швајцарија беше уапсен поради тоа што се обидел да го продаде здравствениот картон на Шумахер а подоцна истиот се самоуби во затворска ќелија. Пред две недели одново имало шпекулација за оглас во кој се нудат информации за медиумите.

Сите вести и новости за Шумахер се наоѓаат на неговиот сајт и на Твитер профилот којшто фамилијата одлучила да го отвори пред неколку недели. Тие отвориле и хаштаг #KeepfightingMichael, слоган којшто го смислила сопругата Корина.

Но тоа не е се, затоа што за крајот на следната 2017-та се планира отворање на музеј во Келн којшто ќе ги има сите експонати од кариерата на Шумахер. На тој 29. декември 2013 на скии со Михаел бил и неговиот син Мик кој денес има 17 години и истата желба од татко му за победа.

По 10 триумфи во Ф4 натпреварувањето, во 2017-та ќе вози во Ф3, и натаму за италијанскиот тим Према. Оваа категорија беше отскочна даска за неколку млади пилоти во Ф1 меѓу кои и Макс Ферстапен.