Макпетрол ја продолжи победничката серија во дуелот со Водовод

Екипите на Макпетрол и Аџибадем Систина со победи го заокружија 11. коло од Бизнис лигата на Македонија.

Макпетрол ја продолжи победничката серија во дуелот со Водовод

Водовод 2-8(1-4) Макпетрол

Водовод: Сашо Каровчевиќ 21’ Столе Ивановски 8’

Макпетрол: Мишо Ѓорѓиовски 24’ 30’ Бенер Бекиоски 34’ Марко Костенцовски 4’ 6’ 8’ 17’ Горан Новаковски 38’

Одличен старт за екипата на Макпетрол во дуелот со Водовод, уште во раната фаза на натпреварот екипата на Макпетрол започна со својата препознатлива игра со многу комбинаторика и силен притисок кон противничкиот гол што и донесе водство од 0-2 уште во 6та минута со двата погодока на Костенцовски. Екипата на Водовод за кртко успеа да постигне погодок и да фати резултаски приклучок во натпреварот со погодокот на Ивановски во 8та минута, но екипата на Макпетрол со одлична игра во ова полувреме преку расположениот Костенцовски кој до крајот на полувремето успешно реализираше за преднот од 1-4. Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со одлична игра и од минута во минута ја зголемуваше предноста. Екипата на Водовод во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот и резултатски да се доближи но Макпетрол имаше целосна контрола врз играта и резултатот и го доби овој натпревар со 2-8.

Аџибадем Систина со тимска игра до победа над Уни Банка

Аџибадем Систина 8-4(5-2) Уни Банка

Аџибадем Систина: Ивица Петровски 19’ Кристијан Димковски 6’ 10’ 27’ 35’ Златко Бошковски 12’ Мирослав Неделковски 16’ 38’

Уни Банка: Ивица Орозовски 22’ 25’ Ненад Саздовски 9’ 14’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Аџибадем Систина и Уни Банка, екипата на Аџибадем Систина на самиот старт се префрли на противничко поле ја превзеде иницијативата и вршеше силен притисок кон голот на Уни Банка. По 6та минута на натпреварот екипата на Систина го скрши отпорот на одбраната на Уни Банка што им даде дополнителен мотив за уште поагресивна игра која им донесе комотно водство на полувремето од 5-2. На стартот на второто полувреме екипата на Уни Банка со двата одлични погодоци на Орозовски успеа да фати резултатски приклучок. Сепак екипата на Систина не дозволи изненадување со погодоците на Димковски и Неделковски повторно дојде до висока предност која беше недостижна за Уни Банка. Крај 8-4.

13 декември 2019 - 10:52