Кога Федерер и Агаси играа тенис на висина од 321 метар а топчињата летаа во заливот

Работава мечка страв мене не страв. Како ништо да не било, двајцата воодушевени изјавиле дека имале фантастичен поглед над целиот град.

Во февруари 2005 година Роџер Федрер (рекет број 1 на светот во тој момент) и 34-годишниот Андре Агаси одиграа многу необичен меч: на кружниот кров од фамозниот хотел Бурџ ал Араб во Дубаи.

На покривот од овој хотел кој до 2008-ма година беше највисока градба на целиот свет, Федерер и Агаси заиграа тенис во рамките на промотивната кампања за ATP турнирот во најгоелмиот град на Обединети Арапски Емирати.

Ревијалниот меч (а каков поинаку во тие услови) се играл на висина од 321 метар! На кровот наместиле терен со вештачка трева, а Федерер и Агаси играле околу 20 минути.

Очекувано, сите топки кои ги удирале малку посилно паѓале во Персискиот залив.

„Јас имав неодредени чувста. Постојано мислиш на висината на која се наоѓаш и правиш нешто што никој досега не го правел“, рекол Агаси.

Федерер мислел исто како Американецот:

„Многу пати сум бил во Дубаи, често го посетував Бурџ ал Араб но вакво нешто не очекував. Од таа висина има фантастичен поглед на целиот град“.

На главниот турнир во Дубаи, Федерер и Агаси се сретнаа во полуфиналето. Шввајцарецот победи а во финалето го совлада и Иван Љубичиќ па го освои третиот од вкупно седумте титули во Обединети Арапски Емирати.