Кире vs Кристијано 74:71 во сантиметри

За четири месеци полни 40 години, ама Лазаров мува не го лази и на ракометот му се дава како да е меѓу најмладите. Ти го мислиш е пред пензија, а тој скока како да е на федери.

Ако некој пред ова Европско помислил дека Кире е стар и не може повеќе, си донел скроз погрешна проценка која со ништо не може да ја оправда.

Дечкото игра ли игра. Годините му се само бројка, а головите реалност или можеби нереалност со оглед на тоа колку и какви ги дава на таа возраст.

Ил Капитано е трет најдобар стрелец на ЕП во моментов со 19 гола, а прв е Сагосен со само 3 повеќе. На Украина и даде 8 комада, а со последниот го реши мечот на ѕверски начин. На Чешка пак и нареди 11 кои за жал неа беа доволни за победа, бидејќи другите слабо придонесуваат.

Статистиката излезе со податок дека лидерот на Македонија најмногу се одразил од земја на ова првенство 74 сантиметри и тоа два пати, а кога сме кај ваквите статистички податоци, тоа знаете какви споредби повлекува.

Фудбалската светска јавност пред околу еден месец беше импресионирана од магичниот скок на Кристијано Роналдо против Сампдорија, но нашиот е поголема будала. Зошто?

Тој скок на Роналдо изнесуваше 71см, три сантиметри помалку од Лазаров. Неверојатно.

Треба да сме среќни и да се гордееме што уште го имаме во репрезентација. Уште никој не може да му ги сруши следниве три податоци: Рекорд на СП со 92 гола (2009). Рекордер на ЕП со 61 гол (2012). Рекордер во ЛШ со над 1.000 гола. 

На англиската Википедија му стои дека за македонската репрезентација постигнал 1.707 гола на 238 натпревари. Каква машина од ракометар.

10 учество му е ова на големите континентални натпреварувања. По пет на Светско и Европско. Од 2012-та без прекин секој јануари игра за Македонија на големата меѓународна сцена.

13 јануари 2020 - 11:10