Хрватот кој стои меѓу маестро Федерер и пехарот на Вимблдон

Одличниот хрватски тенисер Марин Чилиќ ќе се обиде да го спречи Роџер Федерер да стигне до рекордната осма титула на Вимблдон и воедно да го освои својот втор Гренд Слем во кариерата. За неговата кариера најголеми заслуги има легендарниот Иванишевиќ.

Во епоха на сјајни тенисери, кога во машкиот тенис играат тројца великани, останати освојувачи на Гренд Слем имаме десетина и притоа заборавивме дека Марин Чилиќ исто така освои еден Гренд Слем.

Во 2014 година Марин совршено го одигра US OPEN каде ја освои титулата. На тој турнир совлада тројца тенисери од Топ-10 меѓу кои и Федерер во полуфиналето. Самиот Швајцарец тогаш изјави дека Чилиќ просто го растурил. Достигнувањето на Чилиќ е за одбележување и поради тоа што тој е најмладиот тенисер (роден во 1988) година којшто освоил Гренд Слем. Денес има 28 години.

Минатата сезона во Синсинати стана најмладиот победник на Мастерс но рекордот сезонава му го сруши Александар Зверев. Чилиќ е и највисокиот победник на Гренд Слем турнир. Но висината ја дели со Хуан Мартин дел Потро кој исто е висок 198 сантиметри.

ВИМБЛДОНСКИ РЕКОРДИ

Во полуфиналето Чилиќ го совлада Сем Квереј во четири сета а мечот траеше помалку од три часа. Но тие двајца со Американецот не секогаш после толку време го напуштале вимблдонскиот терен. Во 2012 тие го играа вториот најдолг меч во историјата на Вимблдон кога Чилиќ славеше 17:15 во петтиот сет после цели 5 часа и 31 минута игра!

Подолго од нив играа само Изнер и Мау.

Годинава Чилиќ го игра својот 11-ти Вимблдон и сега за првпат влегува во финалето. На тој начин тој постави рекорд во Опен Ерата (првпат после 1968 година) по количеството настапи кои му биле потребни за да стигне до финале. Претходно рекордер беше Патрик Рафтер кој дури после 8 обиди стигна во дуелот за титулата.

Тоа на Рафтер му успеа во 2000-та година кога изгуби од Пит Сампрас. Во 2001 година тој одново изгуби во финале на Вимблдон од Горан Иванишевиќ. Тој дуел е запаметен како еден од најдраматичните во историјата на тенисот. Чилиќ инаку стана вториот Хрват кој влегол во финале на Вимблдон после Горан Иванишевиќ.

ГОРАН ВЕЛИКИ

Иванишевиќ играл голема улога во животот на Марин. Во младоста, Чилиќ раскажувал дека после триумфот на неговиот идол и сонародник на Вимблдон во програмата за развој на јуниорскиот тенис во Хрватска се влевале повеќе пари.

Чилиќ тогаш имал 12 години и одел на тренинзи. Кога наполнил 14 години првпат се сретнал со големиот Иванишевиќ на теренот. Мечот бил спаринг, тие тренирале но после него Горан кажал дека Марин кога тогаш ќе влезе во Топ-10.

Подоцна кога малиот Марин наполнил 15 години Иванишевиќ го советувал да се пресели во Италија и тааму да работи со неговиот поранешен тренер Боб Брет со кој Чилиќ соработуваше до 2013 година. Интересно е што токму во Италија Чилиќ првпат се запознал со Јонас Бјоркман којшто го тренира ден-денес.

Но до Бјоркман, во периодот од 2013 до 2016 тренер му бил најголемиот хрватски играч на сите времиња. Со Иванишевиќ, Марин стигна до највредниот трофеј досега во кариерата оној од US OPEN.

Иванишевиќ му помагал и тактички и психолошки (на тој план најмногу и е благодарен на девојка му Кристина Милковиќ која е дипломиран психолог).

Кога на крајот од сезоната 2014 Чилиќ изјави дека Горан е најзаслужен за развојот на неговата кариера, тоа не било преувеличено.

ИЗМИСЛЕН ДОПИНГ?

Во 2013 година родениот Меѓугорјанец (Меѓугорје, БиХ) го напушти Вимблдон поради повреда. Но во истовреме постоеа гласини дека причината била друга - на 26 јуни таа 2013-та му соопштиле дека неколку недели претходно (1 мај во Минхен) бил позитивен на допинг тест.

Му нашле никетамид а тој тврдел дека траги од ова во органзмот имал поради таблетите глукоза којшто му ги купил некој од неговиот тим. Како резултат на тоа ITF го суспендираше на 9 месеци но Чилиќ успешно ја оспорил одлуката во CAS, Судот за спортска арбитража во Лозана и суспензијата му била намалена на 4 месеци при што за почеток на истата се водел 26 мај. Поради тоа неговите резултати после Минхен не биле анулирани.

Но историјата тука не завршува. Денес Марин тврди дека ITF не била чесна со него. На пример Меѓународна тениска организација која што соопштила дека му нашла никетамид потоа на Судот тврдела дека му нашле други метаболити.

„Тие луѓе си играа со мојот живот и кариера“, револтирано изјави најдобриот хрватски тенисер на денешницата.

СЛАБ СТАРТ, ЈАК ФИНИШ НА СЕЗОНАТА

До почетокот на земјената сезона, Чилиќ имал учинок на победи и порази 6-7. Според Бјоркман нему најмногу го истрошило тоа што на крајот од 2016 играл дури до финалето на Дејвис Купот со Хрватска.

Марин загуби неверојатно во финалето во Загреб против Дел Потро и Аргентина откако имаше водство од 2-0 во сетови. Тоа му бил трет меч во сезоната по ред којшто го губи после водство.

На Ролан Гарос првпат во кариерата стигнал до четвртфинале и изјавил дека подобро играл само на освоениот US OPEN. На два тревнати терени тој играше во полуфинале и финале и изјави дека со нетрпение го чека Вимблдон. Го доечка и стигна првпат до финалето - после три порази во четвртфинале на овој реномиран турнир.

За титулата Чилиќ ќе игра против Роџер Федерер со кого има биланс од 1 победа и 6 порази. И судејќи по формата на Швајцарецот, Хрватот ќе мора да покаже игра како на US OPEN 2014.