Фејсбук го потврдува фудбалот како најпопуларен спорт во светот

Љубителите на спортот и интернетот будно ги следат сите потези на своите идоли на социјалните мрежи каде се и сешто може да дознаат или да видат со нив. Токму тој број на фанови кои го имаат на Фејсбук, покажува кој ја има најголемата слава.

Првата позиција на најпопуларни спортисити оди кај човекот за кој денеска шпанските медиуми објавија дека паднал нов договор со Реал до 2018 година, со што ќе стане најплатениот фудбалер во светот со годишна плата од 18 милиони евра.

Според францускиот весник „L'Equipe" Кристијано Роналдо е убедливо прв на листата на најпопуларни личности од спортот на фејсбук со над 60 милиони фанови. На втората позиција е неговиот ривал Лионел Меси со 12 милиони помалку и кој подоцна го отвори профилот на фб.

Третата позиција ја превзема неодамна пензионираната икона, Дејвид Бекам со над 29 милиони фанови. Потоа следува легендата на кошарката, Мајкл Џордан кој има малку повеќе од повратникот во Милан, Кака.

Листата ја дополнуваат уште Коби Брајант, Леброн Џејмс, Андрес Иниеста, Нејмар и Роже Федерер. На оваа листа се очекува да скокне Нејмар кој дојде на „Кам Ноу" како голема бразилска ѕвезда, исто како и Герет Бејл во Реал Мадрид кој има нешто под 5 милиони фанови.

Со оглед на тоа што дури шестмина спортисти се фудбалери на првите 10 позиции по популарност на социјалната мрежа која е најмногу раширена на глобално ниво, јасно е дека фудбалот како најважна споредна работа во светот е најпопуарен спорт на планетата.

На врвот ги нема атлетиката, голфот, американскиот фудбал, а ниту формулата и бејзболот, или на пример Усеин Болт, Мајкл Фелпс, Себастијан Фетел, Тајгер Вудс и Рафаел Надал од многумината славни спортисти со светска слава.

10 септември 2013 - 18:25