Фабрика Карпош – ГИМ беа сигурни во дуелот со ЕВН

Сава Осигурување, Рамстор и Фабрика Карпош – ГИМ славеа победи во вториот ден од 11. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Фабрика Карпош – ГИМ беа сигурни во дуелот со ЕВН

ЕВН 1-6(1-4) Фабрика Крпош – ГИМ

ЕВН: Наум Бадаловски 15’

Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 3’ 17’ 23’ 32’ Кристијан Панев 14’ Лазе Божиновски 5’

Фуриозен старт за екипата на Фабрика Карпош – Гим во дуелот со ЕВН, уште на самиот старт тие наметнаа високо темпо на игра па од таму рано стигнаа и погодоците. Екипата на Фабрика Карпош со погодците на божиков во 3та и Боќиновски во 5та минута се стекна со водство од 0-2. По ова екипата на ЕВН тргна жестоко во нападот по израмнување, екипата на Фабрика Карпош успеа да казни во 14та минута преку еден контра напад за водство од 0-3. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ имаше повеќе од играта па на полувреме замина со предност од1-4.Во второто полувреме екипата на ЕВН со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но Фабрика Карпош ја имаше контролата врз играта по целиот терен, не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 1-6.

ТАВ немаше доволно сили за пресврт со Рамстор

ТАВ 6-8(0-4) Рамстор

ТАВ: Мартин Арсовски 33’ 34’ 36’ 37’ Елмаз Ибрахим 35’ Даниел Симич 40’

Рамстор: Енис Мурселов 33’ Енгин Мемеди 39’ Ведат Арслан 20’ 29’ 40’ Фуркан Муртезан 5’ 15’ Хурјет Шакири 14’

Првото полувреме во дуелот помеѓу ТАВ и Рамстор во целост и припадна на екипата на Рамстор која уште на самиот старт наметна високо темпо на игра кое екипата на ТАВ не можеше да го прати. Кон средината на полувремето екипата на Рамстор веќе имаше висока предност која ТАВ не можеше да ја анулира до полувремето па замина со 0-4. Во второто полувреме видовме една помотивирана екипа на ТАВ која започна со поагресивна игра што во последниот дел од натпреварот ги доближи на само гол негатива. Сепак екипата на Рамстор успеа да го издржи притисокот и да го добие натпреварот со 6-8.

Сава Осигување со одлична реализација до победа над Пекабеско

Пекабеско 5-7(2-3) Сава Осигурување

Пекабеско: Мартин Чаловски 404 Никола Миновски 10’ Ерсад 27’ 34’ Марко Ѓеоргиевски 4’

Сава Осигурување:

Екипата на Пекабеско во дуелот со Сава Осигурување влезе доста мотивирано и уште во 4та минута преку Ѓоргиевски успеа да дојде до водство од 1-0. По што следеше офанзива на Сава Осигурување која за само една минута израмни на 1-1 преку Глигуровски со што се влезе во егал игра. На двете страни се играше брз и отворен фудбал крајно израмнет, но екипата на Сава Осиугрување сепак успеа на полувремето да замине со предност од 2-3. На самиот старт од второто полувреме екипата на Сава Осигувурање успеа да се стекне со резултатска предност која Пекабеско со агресивна игра се трудеше да ја анулира. Сава Осигурување играјќи ја својата препознатлива игра не му дозволи на Пекабеско да фати резултатски приклучок со што на крајот славеше со 5-7.

12 декември 2019 - 16:01