ЕВН со одлично второ полувреме до реми во дуелот со Уни Банка

Две реми средби на првите понеделнички дуели за оваа недела во Бизнис лигата на Македонија, како и една службена победа на Еуро Табак над Борис Трајковски.

ЕВН со одлично второ полувреме до реми во дуелот со Уни Банка

ЕВН 6-6(3-3) Уни Банка

ЕВН: Вилијам Митев 16’ Виктор Валканчев 16’ 40’ Бојан Симоновски 36’ Ајет Новобрдарија 17’ 27’

Уни Банка: Ѓорѓи Пецевски 7’ Александар Кузинаков 21’ 25’ 26’ Ивица Орозовски 5’ 7’

Одличен старт за екипата на Уни Банка во дуелот со ЕВН, уште на самиот старт на натпреварот екипата на Уни Банка наметна високо темпо на игра и успеа да креира одлични шанси за погодок, па до 7та минута и да се стекне со високо водство од 0-3. Екипата на ЕВН по оваа негатива се префрли на противничко поле и вршеше жесток притисок кон голот на Уни Банка па во период од само две минути односно 16та и 17та минута успеа да постигне 3 погодоци и да дојде до израмнување на 3-3 резултат со кој се замина на паузата. На самиот старт на првото полувреме екипата на Уни Банка преку трите гола наКузинаков успеа повторно да го превземе водството на 3-6. По оваа негатива екипата на ЕВН не и преостана ништо друго освен да тргне по тотална офанзива по израмнување, од минута во минута ја топеа предноста на Уни Банка се до 36та минута кога успеаа да дојдат на само гол негатива и да ја напраат оваа завршница неизвесна. Во ваквата неизвесна завршница, буквално во последните секунди од натпреварот екипата на ЕВН успеа да постигне погодок и да дојде до многу значаен бод за понатамошното разигрување и конечен резултат од 6-6.

Уника и рамстор во егал натпревар ги поделија бодовите

Уника 6-6(4-2) Рамстор

Уника: Бенјамин Граинца 8’ 11’ 21’ Тимотеј Нешовски 33’ Кренар Сума 16’ Сашо Јакимовски 18’

Рамстор: Михрем Мемед 6’ Азрет Абаз 13’ 24’ 28’ Ведат Арслан 27’ Алтај Иметовски 30’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Уника и Рамстор, прво во водство дојде екипата на Рамстор со погодокот на Мемед во 6та минута за водство од 0-1. Следуваше брз одговор на екипата на Уника со погодокот на Граинца во 8та минута за израмнување на 1-1, неколку минути подоцна со вториот погодок и за водство од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Уника имаше повеќе од играта па замина со заслужена предност од 4-2. На стартот од второто полувреме екипата на Уника успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 5-2, на овој рано постигнат погодок одговори екипата на Рамстор во 24та минута за резултат од 5-3. До крајот на натпреварот екипата на Рамстор успеа да ја стопи предноста и во последните минути од натпреварот се влезе во “егал“. На крајот од натпреварот екипите ги поделија бодовите при разултат од 6-6.

28 мај 2019 - 09:05