Еуро Табак ја продолжи победничката серија во дуелот со ЈСП

Во првиот ден од 25. коло од Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Матрикс, Еуро Табак и Рамстор.

Матрикс убедливи во дуелот со Алкалоид

Матрикс 7-1(3-0) Алкалоид

Матрикс: Дарко Цветковски 11’ Антонио Богдановски 14’ 15’ Мирко Богоевски 34’ Петре Даиловски 23’ 26’ Симеон Коцески 40’

Алкалоид: Кристијан Арсовски 40’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и Алкалоид, екипата на Матрикс уште на самиот почеток ја превзема иницијативата и започна со својата препознатлива игра со многу комбинаторика, тоа им донесе водство во 11та минута со голот на Цветковски. Екипата на Алкалоид со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на Матрикс со одлична игра во фаза на напад и одбрана не дозволи изненадување, тие до крајот на полувремето постигнаа уште два погодоци па на паузата заминаа со предност од 3-0. Во второто полувреме екипата на Матрикс повторно ја имаше контролата врз играта, поседот на топката беше во нивна корист што се одрази на резултатот и водството кое постојано го зголемуваа. Екипата на Алкалоид на сите можни начини се обидуваше да се врати во игра но не успеваше против денес расположената екипа на Матрикс која го доби овој натпревар со убедливи 7-1.

Еуро Табак ја продолжи победничката серија во дуелот со ЈСП

Еуро Табак 8-3(2-1) ЈСП

Еуро Табак: Дејан Јанковски 11’ 22’ Дејан Младеновски 6’ 39’ Мартин Ливрински 28’ 29’ 29’ 35’

ЈСП: Сашо Георгиев 19’ Маријан Србиновски 35’ 40’

Одличен старт за екипата на Еуро Табак во дуелот со екипата на ЈСП, екипата на Еуро Табак во 6та минута со голот на Младеновски го отвори резултатот за водство од 1-0. По ова рано водство за екипата на Еуро Табак, екипата на ЈСП изврши притисок кон голот на Еуро Табак па за само неколку минути успеаа да креираат неколку одлични шанси за погодок, но не успеаа да реализираат што го казни екипата на Еуро Табак со погодокот на Јанковски во 11та минута и водство од 2-0. До крајот на полувремето екипата на ЈСП со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но до крајот на полувремето успеа само да го намали водството на Еуро Табак на 2-1. Во второто полувреме екипата на ЈСП притисна кон голот на Еуро Табак но ваквата игра на противничката половина ја искористи Еуро Табак која ги искористи пукнатините во одбраната на ЈСП и од минута во минута го зголемуваше своето водство за на крајот да извојува конечна победа од 8-3.

Рамстор со константно добра игра до победа над МЕПСО

МЕПСО 3-7(3-5) Рамстор

МЕПСО: Александар Јоксимовиќ 8’ 14’ Слаѓан Ѓоргиевски 15’

Рамстор: Ибрахим Бекир 6’ 13’ Михрем Мемед 6’ 28’ Хурјед Шаќири 12’ 16’ 33’

Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на МЕПСО и Рамстор, екипата на Рамстор уште на самиот старт наметна високо темпо на игра што и донесе два погодоци до 6та минута и водство од 0-2. Следуваше брз одговор на екипата на МЕПСО со погодок во 8та минута и намалување на резултатот на 1-2. До крајот на полувремето се продолжи со отворен фудбал и многу шанси на двете страни, а во таквата игра поуспешна беше екипата на Рамстор која го доби полувремето со 3-5. Во почетните минути од второто полувреме екипата на Рамстор успеа да постигне погодок и да ја зголеми предноста од првиот дел, но и оваа висока негатива не ја поколеба екипата на МЕПСО која продолжи со силовите напади кон голот на Рамстор, но сепак во овој натпревар имаа слаба реализација што на крајот се одрази со победа на Рамстор со 3-7.

21 мај 2019 - 11:26