ЕЛЕМ со Поповски на голот до победа над Гранит

Уника, LC Waikiki и ЕЛЕМ славеа победи во третиот ден од 4. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Уника со фуриозна игра до победа над ЈСП

ЈСП 3-7(1-4) Уника

ЈСП: Сабит Хусеини 13’ Марјан Србиновски 39’ 40’

Уника: Шабан Чупи 12’ 20’ 20’ 37’ Бесими Нухиу 13’ Љуљзим Каштањева 24’ 35’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу ЈСП и Уника помина во знакот на Уника, која уште на самиот старт ја наметна својата препознатлива игра со многу комбинаторика и воиграни акции. Во 12та минута екипата на Уника преку Чупи успеа да го отвори резултатот на 0-1, минута подоцна и да го зголеми водството на 0-2, но екипата на ЈСП преку Хусеини успеа да го намали водството и да се врати во натпреварот. Сепак до крајот на првото полувреме екипата на Уника не и дозволи на екипата на ЈСП да стори нешто повеќе и го доби ова полувреме со 1-4. На стартот на второто полувреме екипата на ЈСП со неколку промени во играчкиот кадар се обидуваше да ја најде својата игра но екипата на Уника продолжи со одлична игра и го доби овој натпревар со 3-7.

LC Waikiki во финишот до победа над Маркарт

Маркарт 3-5(1-1)LC Waikiki

Маркарт: Пеце Стојанов 20’ 26’ 33’

LC Waikiki: Иљаз 10’ Фуркан Фетаи 22’ Армин Дрпљнин 38’ Џенгис Ахмед 39 Алоја Перхај 40’

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Маркарт и LC Waikiki помина мирно без многу шанси за гол, двете екипи беа претпазливи и повеќе внимаваа на својот гол. Во средината на полувремето екипата на LC Waikiki успеа да изведе еден одличен контра напад и да го претвори во гол за водство од 1-0. По примениот погодок екипата на Маркарт тргна пожестоко кон противничкиот гол, екипата на LC Waikiki успеваше да одолее на овој притисок се до последната минута од полувремето кога играчот на Маркарт, Стојанов, успеа да изведе одличен соло напд со одлична завршница и 1-1 на полувремето. Во второто полувреме и двете екипи го подигнаа темпото на игра и се започна со нешто поагресивна игра, екипата на LC Waikiki во 22та минута успеа да постигне погодок за водство од 1-2. Но денес екипата на Маркарт во своите редови го имаше денеска расположениот Стојанов кој по само неколку минути успеа да постигне два погодоци и да направи целосен резултатски пресврт. До крајот на натпреварот екипата на LC Waikiki вршеше силен притисок со цел да дојде до израмнување во што и успеа во 38та минута, а во 39та и 40та минута успеа да реализира за победа. Крај 3-5

ЕЛЕМ со Поповски на голот до победа над Гранит

ЕЛЕМ 7-2(2-0) Гранит

ЕЛЕМ: Ристе Стефанов 10’ 36’ Горан Николов 17’ 27’ 39’ Влатко Петровски 33’ Владимир Поповски 23’

Гранит: Дарко Стојановски 29’ Николче Глигуровски 29’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Гранит, на стартот од полувремето екипата на Гранит тргна доста офанзивно кон противничкиот гол и успеа да створи неколку одлични шанси за погодок кои не успеа да ги реализира и потоа следуваше казна преку Стефановски со атрактивен погодок во 10та минута за водство од 1-0 за ЕЛЕМ. Кон крајот на полувремето Николов успеа да искористи грешка во одбраната на Гранит и да го зголеми водството на 2-0, резултат со кој се замина на полувреме. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ продолжи со одличната игра и уште на стартот на полувремето успеа да постигне два погодоци за високо водство од 4-0. Екипата на Гранит се обидуваше да ја пронајде својата игра во што и делумно успеа па веќе во 28та минута ја намали разликата на 4-2. До крајот на натпреварот екипата на ЕЛЕМ не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со високи 7-2.

18 октомври 2018 - 08:42