Екипите на Бетон и Сава Осигурување ги поделија бодовите

Во последниот ден од 3. коло во Бизнис лигата на Македонија Лукоил слаевеше против Матрикс, а другиот меч заврши без победник.

Лукоил со одбрана во второто полувреме до победа над Матрикс
Лукоил (2-1) Матрикс
Лукоил: Дејан Зиков 4’ Марјан Цветковски 15’
Матрикс: Петре Даиловски 8’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу екипите на Лукоил и Матрикс ни понуди доста интересен фудбал. Жестока борба низ целиот терен, игра со многу дуели во рамките на фер плејот. Во првото полувреме видовме многу шанси на двете страни и 3 прекрасни гола, прва до водство дојде екипата Лукоил од пенал во 4та минута, но следуваше брз одговор од страна на Матрикс кој брзо се врати во натпреварот и го израмни резултатот. Печат на првото полувреме стави голманот на Лукоил Цветковски кој со удар од далечина успеа да постигне гол за резултат од 2-1 на полувремето. Во текот на целото второ полувреме екипата на Матрикс беше упорна и се обидуваше по секоја цена да ја анулира разликата која Лукоил ја стекна уште во првото полувреме, сепак екипата на Лукоил која имаше одлично поставена одбрана доста умешно успеа да го сочува својот гол. Во самиот финиш Лукоил остана со играч помалце но Матрикс не ја искористи шансата па Лукоил го доби овој натпревар со 2-1.

Екипите на Бетон и Сава Осигурување ги поделија бодовите
Бетон 7-7(2-2) Сава Осигурување
Бетон: Стефан Трендафиловски 4’ 18’ 28’ 29’ Марјан Петровски 17’ Виктор Василевски 34’ Владан Гришич 38’
Сава Осигурување: Андреј Костадиновски 5’ 28’ Данило Поповски 14’ 22’ Данило Апостолски 25’ 40’ Коста Глигуровски 39’

Во првото полувреме на натпреварот помеѓу екипите на Бетон и Сава Осигурување акцентот беше ставен на нападот, рано водство на екипата на Бетон но и брз одговор од страна на Сава Осигурување уште во 5та минута резултатот на семафорот гласеше 1-1. По овој фуриозен почеток на полувремето следуваше период на смирена игра, тактизирање од двете страни. Во 14 та минута преку контра напад Поповски од екипата на Сава Осигурување преку прекрасен гол успеа да ја донесе својата екипа до водство од 1-2. Во финишот од полувремето по водството на Сава Осигурување екипата на Бетон ги консолидира своите редови и преку нивниот голман со одмерен шут од далечина успеа да го израмни резултатот, а веднаш потоа и да дојде до водство од 3-2 со кое се замина на полувремето. Во второто полувреме видовме доста интересен натпревар, прекрасни акции убави голови и бевме сведоци на неколку пресврти во текат на полувремето. Во таквата гол за гол игра ниту една од екипите не успеа да го заржи водството па на крајот со резултат од 7-7 ги поделија бодовите.

20 октомври 2017 - 11:39