Не можеш да им го сопреш пикерот, 140 кила има

Македонската ракометна репрезентација синоќа обезбеди прва историска победа на гостувањето против Исланд и со една нога е на Европското првенство следна година. Причините за поразот ги образложи Арнор Гунарсон на кој совршено јасно му е дека не се може против тоа крупно човече.

Исланд синоќа загуби во драматичен финиш кој го реши Дејан Манасков со гол во последна секунда и тоа откако промаши пенал.

Ова е прва победа на Македонија на ова гостување, но и замислете прв пораз на домашен терен на Исланд по дури 13 години.

Еден од нивните најдобрите поединци, Арнор Гунарсон објасни која била клучната причина за поразот.

„Ги пронајдоа сите дупки во нашата одбрана и им беше лесно да се разигруваат и да постигнуваат голови. Не реши нивниот пикер кој тежи 140 килограми, навистина е тежок за чување кога ја има топката во своите раце. Тој и нашата одбрана не убија вечерва“.

И сега внимавајте што направи тој наш незадржлив пикер од 140 кила. Ја сподели изјавата на Гунарсон на Инстаграм и направи само мала измена кај сопствената слика. Како може да е толку цар? :)

Пред една недела го постигна најатрактавниот гол во финалето и на Фајнлфорот во СЕХА, а колумнист од balkan-handball му посвети многу јак текст со пофалби.

11 април 2019 - 10:53