Безмилосниот Вардар го прегази Кристијанштад

По изненадувачкиот гостински триумф против актуелниот европски триумф Монпеље, ракометарите на Вардар славеа и во второто коло од новата сезона во ЛШ. За сега не се познава дека го нема Раул Гонзалес

Кога по 6 минути ракометна игра ќе види човек резултат 6:0 за домаќинот на семафорот во Јане Сандански, тогаш јасно е дека Вардар се спрема да му нанесе некому дебакл.

Вардарци си поиграа со Кристијанштад во второто коло од ЛШ и без проблем го совладаа убедливо со 33:25.

Швеѓаните немаа шански против мотивираниот и поквалитетен противник кој со доминантна и моќна игра беше газда на терен од почеток до крај.

По оние воведни 6:0, избраниците на Парондо не застанаа и во 21 минута веќе успеаа да стигнат до двоцифрена предност од 15:5. На полувреме беше 19:10, а потоа во второто полувреме прашање на неизвесност беше само конечниот резултат со кој ќе биде поразен гостинот.

Водството на црвено црните во вториот дел варираше од +7 до +11, што значи дека немаше никаква неизвесност.

Најефикасен во таборот на Вардар беше Чупиќ со 7 голови, Борозан постгна 5, а Милосављев имаше 8 интервенции.

На 29 септември Вардар му гостува на Веспрем.

22 септември 2018 - 19:07