Погребна пародија на стадионот на Алавес, погребан фудбалот

Виторија-Гастеиц е голем град во автономната покраина Баскија. Таму игра Алавес, клуб кој е многу сакан од локалното население кое се противи на понеделничкиот термин за фудбал.

Фудбал во термин понеделник вечер е силен шамар за љубителите на фудбалот ширум Европа. Германците непрестано бурно протестираат поради тоа што некои натпревари лигата ги закажува за понеделник (работен ден, а не стандардно за викенд), предводена од интерес на телевизиските куќи.

Поради програмската шема и алчноста за поголема гледаност, телевизиските куќи ги приморуваат раководните луѓе во европските лиги да преместуваат некои натпревари од сабота и недела за понеделник.

Синоќа во Шпанија играа Алавес и Леванте во 21 часот. Навивачите на Алавес поради бојкот решиле да влезат на стадионот 5 минути по стартот на мечот.

Повеќето од нив биле облечени во црно а неколку момци облечени како гробари носеле ковчег во рацете. На трибината зад едниот гол во тој момент се појавил банер RIP Football а водачот повел погребен марш: