Пат од 30.000 километри за да присуствува на историја

Оваа приказна не е за Барса, Реал или Манчестер, туку за новиот фудбалски клуб Лос Анџелес кој има верен еден фан во Австралија. Тие уште не заиграле во лигата, а тој си резервирал карта пред 10 месеци.

Лос Анџелес Галакси не е единствениот фудбалски клуб од ЛА. Во 2014-та се оформи уште еден кој се вика исто како градот, Лос Анџелес.
 
На 4 март испишаа историја и го одиграа првиот меч во МЛС лигата, а дел од таа историја беше и една будалетинка која 20 часа леташе со авион само за да ги гледа во живо.
 
Тоа е Брендан кој тргна од Мелбурн, Австралија до Окленд, Нов Зеланд, потоа низ Пацификот преку Лос Анџелес и на крај до Сиетл, само со една цел, да не го пропушти историскиот момент кога неговиот омилен тим ќе дебитира во прва лига.
 
Историја за која ќе им раскажува на внуците дека за да ја гледа морал само во еден правец да лета 15.000 километри.

„Дел сум од навивачката група Црната Армија од 2012-та. Доаѓав тука на одмор и како Австралиец, многу сакам спорт. Пушти ме на спортски настан и јас сум на небо. Бев еднаш на натпревар меѓу Чивас САД и ЛА Галакси, тогаш играше Дејвид Бекам на кој не сум баш голем обожавател. Се дружев и останав во контакт со главните навивачи на Црната Армија. Кога згасна Чивас, знаев дека на ЛА ќе му треба тим кој ќе го претставува ЛА. Кога го соопштија тој момент, си реков тоа е тоа. Тоа друштво, тоа семејство и ЛА се за мене“
Колку време Брендан го планирал патувањето.
„Ова ми беше во план уште кога Лос Анџелес беше најавен. За мене присуството на првиот меч е присуство на една голема историја. Знаев дека морам да го сторам тоа. Резервирав карта уште во јули и малку одев на ризик. МЛС ја стартуваше сезоната на почеток на март и јас така ги земав слободни на работа првите две недели од месецот“.

Брендан имаше и среќа, бидејќи ова предолго патување ќе го памети и затоа е му заврши победнички. ЛА славеше над Сиетл на гости со 1:0.
„Фактот дека дојде и помина првиот меч се уште ми изгледа како сон. Еден од оние во кои се прашувате: Дали навистина се случи? Стварно ли бев таму? Бев сведок на нашиот прв меч, на нашиот прв гол, на нашата прва победа. Ова што ми се случи е неверојатно. Луѓето од стручниот штаб и газдите се мешаат заедно со навивачите. Тоа го нема во Австралија, лигата полека умира, само затоа што не знаат да работат како тука“.
Лос Анџелес на гостувањето против Сиетл имаше околу 500 свои навивачи, а на еден од нив тоа му беше патување од соништата.
13 март 2018 - 12:42