Некаде недостиг од џоистици, во Швајцарија ги фрлаат на терен

Навивачи на неколку фудбалски тимови во Швајцарија минатиот викенд протестираа против тоа што некои клубови финансираат е-спорт екипи за видео игри. „Место да вложуваат овде во реален фудбал, они фрлаат пари на виртуелни видео игри“.

На дербито Јанг Бојс - Базел во неделата, на стадионот „Стад де Свис“ во 15’ минута настана мал прекин затоа што домашните и гостинските навивачи фрлаа тениски топчиња и џоистици на терен во знак на протест. На трибината кај „Ултрас“, групата навивачи на актуелниот швајцарски шампион Јанг Бојс се открило и едно тифо со „шеталица“ со знакот за пауза.

И гостинските навивачи на Базел фрлале џоистици и извадиле банери против управите кои финасираат е-спортови (видео игри), тимови за турнири во видео играта FIFA итн.

Јанг Бојс е во фаза на основање на тим кој ќе се натпреварува во е-спорт, а Базел веќе некое време има официјален тим за кого одвојува значајни средства. Во моментов професионални играчи на турнирот во FIFA 18 пријавиле и спонзорирале: ПСЖ, Рома, Ривер Плејт, Валенсија, Лион и Ајакс.

На крајот од дербито во швајцарската лига, домашната екипа не беше нималку збунета од протестот и со историски 7-1 му го нанесе најтешкиот пораз на Базел во меѓусебните дуели откако се игра фудбал во Швајцарија.