Најинтересниот момент од финалето на ЛШ

Во првото полувреме од мечот Ливерпул - Тотенхем на стадионот „Ванда Метрополитано“, во 18’ минута една млада девојка на 2 минути го прекина мечот откако упадна на терен.

Девојката на себе носеше само капачки костим со натпис Vitaly Uncensored на градите.

Се испоставило дека девојката која упадна на терен е моделот Кинси Волански која се појавуваше на насловните на Maxim, Sports Illustrated и FHM. 

Волански е девојка на рускиот пранкер и поранешен Виталиј Здоровецки. На неговиот канал VitalyzdTv на Јутјуб има 9,9 милиони следбеници. На денот пред финалето на Лига на шампиони на неговиот канал се појавило видео од Бали на кое Волански носи капачки костим Vitaly Uncensored.

Витали Здоровецки „се прослави“ кога упадна на терен за време на финалето на Светско првенство 2014 меѓу Германија и Бразил со натпис на телото „Природно роден пранкер“.

Кинси Волански е ѕвезда на интернет. По упаѓањето на терен, на нејзниот Инстаграм добила околу 150.000 нови следбеници. Сега има 490.000 фолоувери а бројката се зголемува секоја минута.

2 јуни 2019 - 00:11