Комитите направија шоу на тренингот на Вардар

На околу 24 часа пред стартот на историскиот меч на Вардар во групната фаза од Лига Европа, најверните навивачи на Вардар ја запалија арената Филип Втори. Блок карти за запад повеќе нема, апелираат да се купува за другите трибини.

Иако е нетипично да се прави бакљада на тренинг пред натпревар од Лига Европа, делегатот на УЕФА мораше да попушти. 

Во годината кога Вардар испиша нова фудбалска и спортска историја за Македонија, клубот слави 70 години од своето постоење, а Комитите 30, тие се мобилизираат на Фејсбук со разно разни пароли.

Армијо во строј!!!
Комити се мобилизирани, Вулканот се активира, Скопје ќе се тресе!!!
СОБИР: Соборен Храм Св. Климент Охридски од 18:00ч. 
СИТЕ ВО КОРТЕО!!!
Дрес Код: СИТЕ ВО ЦРНО!!!
Почитувајте го КОМИТСКИОТ КОДЕКС

НАПОМЕНА!!!
ЧУВАЈТЕ ГИ КАРТИТЕ!!! За да ги замените за нови пред следниот натпревар...

30 години Комити Запад
70 Години Фудбалски Клуб Вардар

Комитите соопштуваат дека картите кои беа предвидени за нив за Западната трибина се продадени и повикуваат да се купува за Југ и Север.

14 септември 2017 - 09:28